Папата Фрањо ги поздрави фудбалерите на Сан Лоренцо де Алмагро
На крајот од Генералната аудиенција папата Фрањо беше поздравен од група учесници во мјузиклот „Да живеат луѓето”, која се состои од млади од целиот свет при што му посакаа на папата Фрањо среќен роденден со песната „Happy Birthday.
Потоа Светиот Отец го поздрави фудбалскиот тим „Сан Лоренцо де Алмагро”, кој го зазеде првото место во аргентинскиот фудбалски шампионат. Папата го крена пехарот, донесен од страна на играчите, кои му подарија црвено – син дрес на тимот, а на грбот напишано: Фрањо шампион (Francisco campeon). Папата се поздрави со фудбалерите и им го честита првото место.
Светиот Отец потоа се сврте и кон полските верници, на кои им рече: „Ајде за Бадник на трпезата да оставиме едно слободно место и да размислуваме за сиромашните, гладните, самохраните, бездомниците, отфрлените, настраданите во војните и посебно за децата”.
Тој го поздрави и верниците од германското говорно подрачје, свртувајќи се посебно кон делегацијата од Северна Австрија, која дојде да го предаде „Светлото на мирот од Витлеем”. Кон нив Папата се обрати со зборовите: „Ова е траен знак кој ја просветлува нашата намера да бидеме светлина за светот, да ја возврати верата и надежта на вистинските чеда Божји и да донесе мир Христов во нашите семејства и на нашите блиски”.
РВ/го*ко