Папата Фрањо на 21 септември 2020 година се сретнаа со одговорните и членовите на Центарот „Sonenshein“, установа која се посветува на деца и малолетници со проблеми од аутистични спектар. Вашиот дом изгледа како прекрасен расцветан тревник засјаен со сонце, а цвеќето на тој дом, сте токму вие – рече Папата.
Светиот Отец беше среќен затоа што можеше да ги прими своите гости, на чии што лица се гледаше радост. Во вашите очи гледам дека сте задоволни што малку сте со мене – рече папата Фрањо на децата од австрискиот центар „Sonnenschein“, кои беа придружувани од нивните родители и водители на установата, која дава помош на децата и малолетниците со проблеми од аутистичен спектар. Вашиот дом изгледа како прекрасен расцветан тревник засјаен со сонце, а цвеќето на тој дом, сте токму вие – рече Папата осврнувајќи се на името на установата која значи “сончев сјај“
Единственоста и убавината е водилка која секоја работа, “секој цвет“ го води до Бога. Бог го создаде светот со голема разноликост на цвеќиња и сите бои. Секој цвет има својата убавина која е единствена. И секој од нас е убав во Божјите очи и Тој нѐ љуби. Затоа чувствуваме потреба да му кажеме на Бога: Благодарам. Благодариме за дарот на живот, благодариме за сите созданија – рече папата Фрањо и ги поттикна присутните да молат, благодарејќи му на Бога, затоа што тоа е убава молитва и Бог го сака тој начин на молитва, па и тогаш кога ќе се додаде уште некоја желба.
На пример – додаде Папата – Добри Исус може ли да им помогнеш на мама и тато во нивната работа? Може ли да дадеш малку утеха на баба која е болна? Може ли да се погрижиш за децата во целиот свет кои немаат што да јадат? Или: Исусе, те молам да му помогнеш на Папата добро да ја води Црквата – рече папата Фрањо и истакна: Ако молете со вера, Господ сигурно ве слуша. На крајот, пред благословот, Папата ја пофали убавата иницијатива на центарот, како и ангажирањето за децата кои им се доверени, затоа што сѐ што сте направиле на само еден од овие најмалите, тоа сте го направиле на Исус – рече на крајот Папата.
Ватикан њуз/к.мк