Папата Лав XIV испрати телеграма до главниот рабин на Рим, Рикардо Ди Сењи, по повод празниците Рош Хашана, Јом Кипур и Сукот.
„Се надевам дека овие празнувања ќе бидат повод за изобилни благослови од Семоќниот и извор на радост.“ Со овие зборови папата Лав XIV упати поздрав во телеграма испратена до главниот рабин на Рим, Рикардо Ди Сењи, и до „целата драга еврејска заедница“, по повод претстојните свечени празнувања на Рош Хашана, Јом Кипур и Сукот.
„Доаѓањето на Рош Хашана“, пишува папата Лав во својата порака, „нека донесе ветување за мирна обнова и сладост на благословен почеток; нека светата тишина на Јом Кипур биде повод за мир и внатрешна светлина; нека празникот Сукот биде исполнет со радост, благодарност и заедништво.“
Обновувајќи ја својата „почит“ и „почитта на целата Црква“, Папата го моли „Вечниот да ни даде да растеме во меѓусебно пријателство, во нашиот град Рим и низ целиот свет“.
Рош Хашана е еврејската верска Нова година и една од новите години што се одбележуваат во еврејскиот календар. Јом Кипур е Денот на помирувањето, а Сукот е познат и како Празник на колибите, Празник на шаторите или Празник Сеници.
Ватикан њуз/к.мк

