Папата упати телеграма со сочувство по повод смртта на кардинал Че

Кардиналот Марко Че, поранешен патријарх на Венеција, почина на 12 мај во 88 година од животот. Во телеграмата со сочувство испратена до архиепископот Франческо Моралија, венецијански патријарх, папата Фрањо го нарекува кардиналот брат „кој со радост му служеше на Евангелието и нежно ја љубеше Црквата“, се истакнува во телеграмата.

Папата потсети на неговото неуморно делување, најрпрво во Кремона, неговата родна бискупија, потоа во Болоња заедно со кардинал Пом, како и во Католичка акција, а на крајот како благ и мудар пастир служеше на Црквата во Венеција. Папата исто така го истакнува неговото служење на Божјото Слово преку одржување на духовни вежби за свештеници и млади.

Со смртта на кардинал Марко Че, Кардиналскиот колегиум брои 205 члена, од кој 119 со право на глас.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот