Мир на оние кои загинаа во несреќата на 11 декември 2018 година.
Папата длабоко е трогнат и од драматичниот напад кој исто така се случи на 11 декември во текот на светата Литургија во катедралата во Кампинас, во Бразил – пишува во телеграмата која ја потпиша Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин и ја испрати до администраторот на надбискупијата Кампинас.
Папата ги довери на Божјото милосрдие жртвите од масакрот и им ја загарантира својата близина и духовна утеха на семејствата кои ги загубија своите мили и на целата надбискупија. Освен тоа – како што стои во телеграмата – Светиот Отец се моли за брзо оздравување на ранетите и ги повикува сите, соочувајќи се со таа болка да најдат утеха и сила во воскреснатиот Исус, да се молат за да не недосасува надежта во тој момент на искушение, и над омразата и осветата да надвладеат простувањето и љубовта.
Во масакрот кој го изврши Еулер Фернандо Грандолфо невработен 49 годишен човек со проблеми на депресија, настрадаа шест лица. По убиството, сторителот и самиот си го одзема животот. Катедралата наредниот ден (на 12 декември) повотрно е отворена и е служена света Литургија за загинатите и ранетите. Многу цвеќе е положено пред катедралата.
Ватикан њуз/к.мк