Папата упати телеграма до Генералот на доминиканскиот ред
По повод Генералното собрание на вишите монашки поглавари од Редот на проповедниците во Болоња и 800. годишнина од основањето на редот, Светиот Отец испрати телеграма до генералот на редот, фра Бруно Кадор, доделувајќи му на него и на сите домениканци својот апостолски благослов.
Од 16 јули до 5 август, во Болоња се одржува Општо или Генерално Собрание на редот проповедници односно на Доминиканскиот ред, а се предвидува и аудиенција кај Светиот Отец. Собранието се одржува за 800 јубилеј од основањето на редот. По тој повод, папа Фрањо на генералот на редот на проповедниците, фра Бруно Кадор, минатата седмица му ипрати телеграма, која ја потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин.
По повод Генералното собрание на вишите монашки поглавари на редот проповедници, кој се одржува во Болоња, во рамките на Вонредната година на милосрдието и 800 годишнина од основувањето на Монашкиот ред од страна на папата Хонориј III, Светиот Отец, папата Фрањо, ги испраќа своите срдечни и искрени желби, повикувајќи се на даровите на Светитот Дух и потсетувајќи дека милосрдието е столб на животот на Црквата.
Сите нејзини пасторални делувања мора да се прегрнат со нежност и ништо од нејзиното навестување или сведочење пред светот не може да биде без милосрдие. Веродостојноста на Црквата извира од милосрдната и сочувствителна љубов која дава нов живот и храброст кон иднината да се гледа со надеж.
Светиот Отец сака сите кои ја следат харизмата на свети Доминик – неуморниот навестител на милосрдието и опростувањето, сочувствителот кон сиромашните; и ревниот бранител на вистината – да сведочат за милосрдието, исповедувајќи го и овоплотувајќи го во животот и да станат знаци на Божјата близина и нежност, така што денешното општество ќе може повторно да ја открие итната потреба за солидарност, љубов и опростување.
Барајќи од вас молитва како поддршка во својата Петрова служба, по заговор на Пресвета Богородица од светата Бројаницата и сите светци и светото Доминиканско семејство, вас и вашите браќа поглавари, Папата ви го доделува бараниот Апостолски благослов, проширувајќи го со задоволство на сите членови на редот – стои во телеграмата која во име на Светиот Отец, ја упати Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин.
РВ/к.мк