Папата упати порака за мировните преговори во Венецуела
Насилството никогаш не води до мир, ве молам имајте храброст за простување и милосрдие – стои во пораката на Папата, која Апостолскиот нунциј Алдо Џордано вчера ја прочита во Каракас, главниот град на Венецуела, за време на првата средба за помирување помеѓу владата, која ја претставува претседателот Мадуро и опозицијата.
Насилството никогаш нема да и донесе мир и благосостојба на земјата, бидејќи насилството раѓа насилство. Напротив, преку дијалог може да се одреди заедничка основа за меѓусебна соработка, која води до надминување на сегашниот судир и поделба, која длабока ја рануваат Венецуела – стои во пораката на Папата.
Папата заблагодари на повикот Светата Столица да учествува во мировните преговори. На секој од вас – стои во пораката – му ја гарантирам молитвата за да средбата и мировниот процес доведе до национално помирување и мир; од Бог ги молиме тие дарови за целиот народ.
Почитувајќи ги и признавајќи ги постоечките разлики, треба да се гледа на општото добро. Сите вие ја сакате својата земја и народ; сите сте загрижени поради тешката економска криза, насилство и криминал. Сите сте загрижени за идината на своите деца, а мирољубивоста е одлика на вашиот народ. Сите верувате во Бог и сакате да го браните достоинството на човечката личност. Тоа ве обединува и ве поттикнува на дијалог, кој треба да се темели на вистинска култура на средби и свесност дека единството секогаш треба да го надминува судирот – истакна папата Фрањо.
Папата ги повикува и двете страни да не запират на судирот, туку искрено да пристапат на дијалогот, за да можат да бидат вистински миротворци. Во сржта на секој искрен дијалог е признавање и почитување на другиот и најмногу е потребна храброст и милосдрие, кои нѐ ослободуваат од омразата и отвора нов пат. Станува збор за долг и тежок пат, кој бара стрпливост и храброст, но само тоа може да доведе до мир и правда. Заради доброто на вашиот народ и иднината на вашите деца, ве молам да бидете храбри – стои на крајот од пораката на Папата.
РВ/го*ко