Папата упати порака до учесниците на семинарот за миграција во Мексико

По повод семинарот за миграција кој од 14 јули се одржува во Мексико и на кој меѓу останатите учествува и папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец на групата ученици им упати пригодна порака.

Глобализацијата е појава која бара објаснување посебно во еден од своите основни изрази, како што е миграцијата. Станува збор за еден од знаците на времето во кое живееме – смета папата Фрањо – кој на ум ги евоцира Исусовите зборови: Зошто и самите од себе не судите што е праведно? (Лк 12,57) Без оглед на големиот проток на мигранти кој ги има на сите континенти и речиси во секоја земја, миграцијата се сфаќа и како итност или како повремен и од околностите условен факт, и веќе стана карактеристичен елемент и предизвик на нашите општества – стои во пораката.

Папата понатаму вели дека ова појава со себе носи големи ветувања, но и повеќекратни предизвици, бидејќи многу луѓе кои се селат, трпат и неретко умираат на трагичен начин. На многу од нив им се негирани правата; обврзани се да се одвојат од своите семејства и понатаму се жртви на расистички или ксенофобички облик на однесување. Пред таа состојба, го повторувам тоа што стои во пораката за Светскиот ден на мигрантите и бегалците: Сите треба да го променат својот став кон мигрантите и бегалците, да ги надминат ставовите на одбрана и страв, незаинтересираност или маргинализација – што на крајот одговара на „културата на отфрлање“ – во став кој се темели на „културата на средба“, која што единствено е способна да изгради праведен свет, свет во кој ќе владее поголемо братство, накратко: подобар свет.

Меѓу останатото, чувствувам потреба да обрнам внимание и на десетици илјади деца кои мигрираат сами и без придружба за да побегнат од сиромаштво и насилство: тоа е категорија на мирганти кои од Средна Америка и Мексико ја преминуваат границата на САД во екстремни услови; во потрага по надеж која во поголем број случаи се покажува залудна. Нивниот број расте од ден на ден – пишува Папата. Таквата тешка хуманитарна акција, на прво место бара, брзо посредување и тие деца да се прифатат и заштитат. Тоа сепак нема да биде доволно – смета Папата – ако не следи информацијата за опасностите на таквото патување – и посебно – поттикнување на развој на земјите од каде потекнуваат.

На крајот е потребно пред овие предизвици да обрне внимание целата Меѓународна заедница за да се усвојат нови облици за законски и безбедни миграции – рече Светиот Отец. Прекрасна е иницијативата на Министерството за надворешни работи на владата на Мексико – за организирање на ваква средба за студија и размислување за големите предизвици на миграцијата – посакувам целосен успех и на сите присутните им го поделувам својот апостолски благослов! – стои на крајот од пораката на Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот