Папата: Треба да научиме да „сочувствуваме“ со оние кои трпат

Папата: Треба да научиме да „сочувствуваме“ со оние кои трпат

Треба да научиме да „сочувствуваме“ со оние кои трпат заради прогоните, осаменоста, присилната миграција или разделеноста од своето семејство – рече папата Фрањо на учесниците на тркалезната маса на Глобалната фондација која овие денови се сретнаа во Рим.

Папата потсети дека учесниците вдахнати од мотото на фондацијата кое гласи „Заедно тежнееме за глобално општо добро“, се собраа да размислуваат за праведните начини за остварување на „кооперативна“ глобализација која стои наспроти глобализацијата на рамнодушноста. „Вие барате начини за да обезбедите глобалната заедница ги оствари меѓународните цели и обврски кои се прогласени и усвоени, како Агендата 2030 за одржлив развој, рече Папата.

Светиот Отец порача дека светскиот економски систем кој ги отфрла мажите, жените и децата кои повеќе не ги смета за корисни и продуктивни согласно критериумите на меѓународниот бизнис или други организации и тоа затоа што е нечовечен. „Овој недостаток на грижа за луѓето е знак на назадување и дехуманизација во секој политички или економски систем“, предупреди Папата и продолжи: „Оние кои отфрлаат или дозволуваат другите да се отфрлат – без разлика дали тоа се бегалци, злоупотребени или поробени деца или сиромашни кои умираат надвор на студот – тие самите стануваат како машини без душа. Тие имплицитно го прифаќаат начелото дека и тие самите – порано или подоцна – ќе бидат отфрлени и тоа кога повеќе нема да бидат корисни за општеството кое мамонот, богот на парите го ставил во центарот на вниманието.“

Папата Фрањо потсети дека свети Иван Павле II во 1991 година во документот Centesimus Annus предупреди на опасноста од идеологијата на капитализмот која малку или воопшто не се занимава за реалноста на маргинализацијата, експлоатацијата и човечкото отуѓување; која одредува недостаток на грижа за голем број луѓе кои сѐ уште живеат во услови на тешко материјално и морално сиромаштво и слепа вера во разуздан и слободен развој на пазарната сила. Светиот Отец нагласи дека тоа не е патот по кој треба да се оди, за жал тие опасности за кои предупреди свети Иван Павле II во поголем дел се оствариле.

Сепак Папата истакна и конкретни напори на некои поединци и институции кои работеле и работат за да се отстрани злото кое го произвела неодговорната глобализација. Личноста која тие напори ги симболизира и сумира е света Мајка Тереза од Калкута. „Се наведнала за да ги утеши најсиромашните меѓу сиромашните кои се оставени да умрат на улицата, препознавајќи го во секој од нив нивното достоинство дадено од Бог. Го прифаќала секој човечки живот – неродените, напуштените и отфрлените – и направила моќниците во овој свет да го слушнат нејзиниот глас, повикувајќи ги да го признаат делото на сиромаштија за кое тие самите биле одговори“, рече Светиот Отец.

Таквото постапување може да доведе до солидарна и кооперативна глобализација – продолжи Папата – Неопходно е пред сѐ секој од нас да ја надмине рамнодушноста кон потребите на сиромашните. Треба да научиме да се „сочувствуваме“ со оние кои трпат заради прогоните, осаменоста, присилната миграција или разделеноста од своите семејства. Треба да научиме да „трпиме“ со оние кои немаат пристап до здравствена нега или кои поднесуваат глад, студ или топлина.“

Папата Фрањо смета дека токму тоа сочувствување ќе овозможи на одговорните во финансискиот и политичкиот свет да го употребат својот памет и ресурсите не само за да управуваат и да ги следат ефектите на глобализацијата, туку да помогнат лидерите на различни политички нивоа да ја поправат, променат насоката каде тоа е неопходно. Политиката и економијата би требало да вклучуваат и остварување на доблеста внимателност.

Светиот Отец рече дека Црквата е свесна за што сѐ човечкиот ум е способен кога ќе дозволи да му помогне и да го води Бог, како и добрата волја на малите и големите, сиромашните и богатите, бизнисмените и работниците. На крајот ги поттикна присутните постојано да се вдахнуваат од социјалната наука на Црквата додека продолжуваат со своите настојувања околу промовирањето на кооперативната глобализација, соработувајќи со цивилното општество, владите, меѓународните тела, академските и научните заедници и други заинтересирани страни.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот