Папата: Трговијата со луѓе е недостојно за човечкото општество

Папата Фрањо ги повика одговорните политичари од целиот свет, одлучно да се спротивстават на причините за трговијата со луѓе.

Христовото спасително дело не заврши со Неговиот земски живот: тоа продолжува преку Црквата, светата тајна на љубовта. Исус на своите ученици им дава двојно послание: навестување на Евангелието и лекување на болните. Верна на тоа послание Црквата отсекогаш помагањето на болните го држи како составен дел на своето послание – рече папата Фрањо пред денешната молитва Ангел Господов.

Светиот Отец потсети дека главни активности на Исусовиот јавен живот биле проповедувањето и лекувањето. Проповедајќи Исус го навестува Царството Божјо, а со лекувањето покажува дека тоа е блиску, меѓу нас. Исус искажувал посебна близина на оние кои се ранети во телото и духот: сиромашните, грешниците, опседнатите и маргинализираните. Така се објавува како лекар на душата и телото: добар Самарјанин и вистински Спасител – истакна Папата.

Тоа нè повикува на размислување за значењето и вредноста на болеста, на што нè повикува и Светскиот ден на болните кој се слави на 11 февруари на споменот на Богородица Лурдска – додаде папата Фрањо искажувајќи ја својата поддршка и благослов на иницијативите поттикнати за тој ден. Црквата наоѓа постојано болни на својот пат, сметајќи дека тие се како привилигирани патеки за средба со Христос. Да ги лекуваш болните значи да Му служиш на Христос, да служиш на Неговото тело – рече Папата, додавајќи:

И денес – и покрај напредокот на науката – страдањата на луѓето поставуваат сериозни прашања за значењето на болестите и за смислата на смртта. Се работи за животни прашања на кои пасторалното делување на Црквата треба да одговори во светло на верата. Заради тоа секој од нас е повикан да ја пренесува светлината на Евангелието и силата на милостите на оние кои страдат и на оние кои им помагаат – семејствата, лекарите, болничарите – за служењето на болните секогаш да се врши со поголема хуманост, великодушна посветеност и евангелска љубов – рече Светиот Отец.

По молитвата Ангел Господов, Папата потсети на денешниот литургиски спомен на света Бакхита суданска сестра која уште како дете била продадена во ропство и повика да им се помогне на поробените луѓе кои се злоупотребуваат, а често и се мачат и осакатуваат, изразувајќи надеж во отстранување на причините на таа „срамна чума“ која е недостојна за човечкото општество. На крајот Папата ги поздрави собраните поклоници и ги отпуши на својот вообичаен начин.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот