На Боижиќ папата Фрањо разговараше со млад италијански вдовец и татко. Сопругата на Џакомо почина на 22 декември откако роди близнаци во Бриндизи, објави во понеделник 26 декември 2022 година весникот Avvenire.
Парохискиот свештеник во Пеце ди Греко во јужниот италијански регион Пуља, дон Донато Лиуци, кој добро го познавал семејството претходно испратил писмо да го извести Папата за тешката ситуација на Вивијана и Џакомо, кои веќе имаа ќерка, стои во објава на Фејсбук. Свештеникот кој го придружувал семејството му напишал писмо на Папата по смртта на 41-годишната Вивијана Делего. Во него од поглаварот на Црквата побарал да се помоли за семејството. Свештеникот исто така на социјалните мрежи јавно го објавил телефонскиот повик на таткото со Папата. Според свештеникот, тоа биле зборови на утеха и надеж со оглед на страдањето на семејството. Покрај близнаците, кои сѐ уште се во болница, затоа што се предвремено родени, Вивијана и Џакомо имаат и уште една шестгодишна ќерка.
Таткото Џакомо исто така испратил писмо со благодарност до медицинскиот персонал на одделот за реанимација на болницата во Бриндизи. Во него тој се заблагодаува за „посветеноста и човечноста кои и ги дадода на Вивијана. Лекарите и медицинските сестри беа вистински ангели чувари“.
Ватикан њуз/к.мк