Папата: Сочувството е најголемиот Божји дар

Папата Фрањо ги прими на аудиенција во Ватикан членовите на „Papal Foundation“, католичкa организација кој од 1988 година ги поддржува финансиски милосрдни дела на Папата во светот. Во обраќањето Светиот Отец ја искажа својата благодарност за посветената активност на Фондацијата.

„Големата разновидност на проекти поддржани од Фондацијата, сведочат за незапирливите напори на Црквата за осознавање на големите и секојдневни потреби на бројните наши браќа и сестри, за унапредување на севкупниот развој на човечкото семејство“.

Папата Фрањо потсети дека Фондацијата обезбедува значителен дел од своите ресурси за воспитувањето и формирањето на младите свештеници, богопосветените лица и лаиците, мажи и жени, со кои „му се приближуваат на денот во кој не само нивните локални Црква ќе можат да се самоодржливи, туку и да ги пренесуваат плодовите на оваа великодушност врз ближните“.

Додека Црквата се подготвува за претстојниот јубилеј на милосрдието „молам од Господ Исус, „ликот на милосрдниот на Отец“, да се зајакне и обнови во секој од вас, преку личното сочувство, кое е најголем дар Божји, истакна Папата.

Во овие денови „Papal Foudation“ е во Ватикан по повод своето годишно поклонение, кое е „знак на заедништвото со Светиот Петров престол“:

„Ве молам, ова поклонение да ја продлабочи вашата вера и да ве поттикне да дадете обновено сведоштво со вашиот живот, предавајќи ја светата, католичка и апостолска вера, која ни е дарувана од Апостолите“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот