На вториот ден од апостолското патување на Малта, 36-то во понтификатот на папата Фрањо, на Петтата недела од Великиот пост служеше света Литургија во Флоријана, пред околу 20.000 верници и претставници на христијанските Цркви и други вероисповеди. Во секое време постои опасноста од погрешно разбирање на Исуса, дури и ако се подигнуваат знамиња со крст.“
Нема грев или неуспех кој принесен на Бог не можат да станат можност за почеток на нов, поинаков живот во знакот на милосрдието – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија која ја служеше во Флоријана непосредно надвор од ѕидините на Валета на Малта, на вториот ден од апостолската посета на таа земја. Притоа истакна дека Бог секогаш остава отворена можност и секој пат знае да пронајде патишта за ослободување и спасение. Тоа го сфатила прељубницата од Еванелието за денешната Литургија кои книжниците и фарисеите ја обвиниле и сакале да ја каменуваат заради нејзините гревови. Така изгубена, залутала барајќи ја среќата на погрешни начини, нејзините обвинувачи ја осудиле на смрт.
Исусовиот поглед допира до неа, а со него и прошката која освен нејзиниот живот го менува и погледот на нејзините обвинувачи кои на неа на некој начин и овозможиле да се сретне со Господ. Со Исусовото простување и таа учи да простува. Господ сака и ние, неговите ученици, ние како Црква кои сме ја примиле неговата прошка да станеме неуморни сведоци на помирувањето; Бог за кој не постои зборот „непоправливо“; Бог кој секогаш простува и понатаму верува во нас и секој пат дава можност за нов почеток.
Преобратената прељубница предлага на Црквата секогаш да се врати во училиштето на Евангелието, да не ги брои присутните, туку да оди да ги бара отсутните. Отсутни тој ден, меѓу Божјиот народ собран околу Исуса, освен жената, биле нејзините обвинувачи, книжниците и фарисеите, тие кои се фалат дека се праведни, дека го почитуваат Божјиот закон, дека се пристојни и чесни луѓе.
Тие – рече римскиот епископ, не обраќаат внимание на своите недостатоци, туку многу внимателно ги бараат туѓите; во очите на луѓето изгледаат како стручњаци за Бог, но не Го препознаваат Исуса и Го гледаат како непријател Кој треба да Го отстранат. Тие луѓе ни говорат дека и во нашата религиозност може да се вовлече црвот на лицемерието и навиката за покажување со прст. Во секое време, во секоја заедница. Секогаш постои опасноста од погрешно сфаќање на Исуса, да го имаме неговото име на уста, но да го порекнуваме со делата. Тоа може да се прави исто така подигнувајќи знамиња со крст.
Погледот кон ближниот и кон самите себе е показател дали сме ученици во училиштето на Учителот. Не е доволно да се молиш или да учествуваш во верските обреди; човечкото најскапоцено богатство не е свечената надворешност, туку внатрешното сиромаштво. Дали нашиот поглед, е поглед на милосрдие или оној кој осудува или презира? – праша папата Фрањо. Кој верува дека ја брани верата покажувајќи со прст во другите, можеби има некое верско гледање, но не го прифаќа духот на Евангелието, затоа што го заборава милосрдието кое е срцето Божјо (…) Учителот не се задоволува со изгледот, туку ја бара вистината на срцата. И кога ќе му го отвориме срцето во вистината може во нас да направи чуда.
Токму во моментот кога жената прељубничка е опсипана со навреди и кога е подготвена да прими немилосрдни зборови и строга казна, со чудење го прима Божјото простување. Каква разлика помеѓу Учителот и обвинувачот! Тие го цитирале Светото Писмо за да осудат; Исус самото Слово Божјо, ѝ го враќа угледот и надежта. Од тој настан учиме дека секоја забелешка, ако не е поттикната од љубовта и не го содржи милосрдието уште повеќе ги крши оние кои ја примаат – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк