Папата: Секој христијанин е изложен на три искушенија

Светиот Отец на 14 февруари во Центарот за високи студии во Екатaпек го предводеше евхаристиското славење пред повеќе од илјадници верници. Во својата проповедта зборуваше за трите Исусови искушенија, на кои е изложен и секој христијанин.

Светиот Отец на 14 февруари во Центарот за високи студии во Екатепек го предводеше евхаристиското славење пред околу 500.000 илјади верници. Потсетувајќи дека минатата среда го започнавме литургиското време на пост, истакна дека тоа е соодветно да се потсетиме за дарот на своето крштение, кога станавме деца Божји. Црквата нè повикува да го оживееме дарот кој ни го дала, да не дозволиме тој дар во нас да заспие како тоа да биде нешто што му припаѓа на минатото или далечно сеќавање – нагласи Светиот Отец.

Исто така папата Фрањо рече дека Великиот пост е соодветно време за обнова на радоста и надежта; да се почувствуваме љубени ќерки и синови на нашиот Отец. Отецот нè чека – истакна Папата – за да ни ја соблече облеката на исцрпеност, рамнодушност, недоверба; за да нè облече со достоинството кое само вистинскиот татко и мајка знаат да го дадат на своите деца; облека исткаена од нежност и љубов.

Нашиот Отец е Отец на големо семејство. Тој е „наш“ Отец. Има љубов, но не знае да роди или создаде „самци“ меѓу нас – рече Папата. Тој е Бог на семејството, братството, прекршениот леб. Тој е Бог – како што се изрази Папата – на оној Оче наш, а не на „оче мој“ или „мојот татко“

Божјиот сон – продолжи Светиот Отец – своето место го наоѓа во секој од нас, така секој Велигден во секоја Евхаристија која ја славиме можеме да бидеме Божји деца. Тоа е сонот кои го сонувале многу наши браќа и сестри во текот на историјата; сон посведочен со крвта на многу маченици – оние од минатото и овие од нашето време.

Папата нагласи дека Постот е време на преобраќање: Секојдневно можеме да се увериме дека Божјиот сон постојано е изложен на закани од таткото на лагата – оној кој сака да нè раздели – правејќи го така општеството поделено и скршено. Општество од само неколку од нив и само за неколку.

Колку често во својот живот или во своето семејство, меѓу пријателите и соседите – рече папата Фрањо – ја искусуваме болката која расте кога човечкото достоинство кое го имаме во себе не се признава. Колку пати сме плачеле и сме жалеле сфаќајќи дека не сме го признавале достоинството на другите. Колку често – и ме боли тоа да го кажам –сме биле слепи и затворени за препознавање и признавање на сопственото и достоинството на другите?

Великиот пост е време за повторно регулирање на своите чувства, за отворање на очите за зачестетените неправди кои се во директна спротивност со сонот и планот Божји. Време е да ги демаскираме трите големи искушенија кои ја искривуваат и изменуваат сликата која Бог во нас сака да ја создаде:

Три искушенија се оние со кои Исус бил искушуван; на три искушенија е изложен христијанинот, а кои настојуваат да ја уништат вистината на која сме повикани. Искушенија кои сакаат да нè срушат и срозат – рече Папата. Првото искушение е е богатството: присвојување добра кои се дадени за сите, корестејќи ги единствено за себе или за „своите“. Тоа значи да го присвоиш лебот заработен со потта на другите; или дури по цена на животот на другите. Таквото богатство има вкус на болка, горчина, страдање. Тоа е леб кој храни деца на некои семејства или расипани општества.

Второто искушение е суетата. Тоа е – како што објасни Светиот Отец – потрага за престиж заснована на постојана дисквалификација на оние кои се „никој и ништо“. Очајничко барање на оние „пет минути на слава“ кои не ја простуваат „славата“ на другиот.

Ова пак отвора простор за третото полошо искушение – горделивоста, гордоста односно барање надмоќ на било кој вид каде што некој се храни со чувството дека не живее „живот на обичен смртник“ и каде што секојдневно се моли: Ти благодарам Боже што не сум како оној.“

Трите Исусови искушенија, се и три искушенија за христијанинот, кој се бори секој ден. Три искушенија кои се обидуваат да го срушат, уништат, и одземат радоста и свежината на Евангелието. Кои нè затвораат во кругот на уништувањето и гревот – рече Светиот Отец и поттикна сите да се запрашаме: „Во која мерка сме свесни на тие искушенија во себе самите, во својата личност? Во која мерка сме навикнати на стил на живот и мислење дека во богатството, празнината и во горделивоста се наоѓа изворот и силата на животот? Колку навистина веруваме дека грижата за другите, нашата грижа за лебот, добриот глас и достоинството на другите е изворот на радоста и надежта?“

Го избравме Исус, а не ѓаволот. Ако се сетиме на она што сме го слушнале во Евангелието, Исус не одговара на ѓаволот со свои зборови, туку со Божји зборови, со зборови од Светото Писмо. Затоа – нагласи – да си го повторувам тоа во главата: со ѓаволот не се расправа! Не може со него да се води дијалог, затоа што секогаш нè победува… Единствено моќта на Словото Божјо може да го победи!

Го избравме Исус, а не ѓаволот – повтори папата Фрањо. По Исусовите стапки сакаме да одиме, но знаеме дека не е лесно. Знаеме што значи да се биде заведен од парите, славата, моќта. Затоа Црквата во ова време нè повикува на преобраќање со една сигурност: дека Тој нè чека; и нашето срце сака да го исцели од сè што го срушува или што ги срушува другите.

Тој е Бог кој има име: Милосрдие. Неговото име е нашето богаство; нашата слава, нашата моќ и во Неговото Име уште еднаш ги повторуваме зборовите од псалмот: Ти си Бог мој и на Тебе ќе се надевам (Пс 91/90, 2) – рече Папата, поттикнувајќи ги верниците три пати заедно да повторат. Нека Светиот Дух – посака на крајот – во ова Евхаристија ја обнови во нас сигурноста дека Неговото име е Милосрдие и секој ден да искусиме дека Евангелието го исполнува срцето и целиот живот на оние кои се сретнале со Исус“, знаејќи дека со Него и во Него „секогаш од ново се раѓа радоста.“  (Evangelii gaudium, бр. 1).

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот