На 22 декември 2016 година утрото папата Фрањо телефонски се вклучи во директниот пренос на емисијата „Unomattina“ на италијанската телевизиска куќа Раи за да им честита 30 години од емитувањето.
Водителот на емисијата ја искористи можноста на Папата да му го честита роденденот; имено Светиот Отец минатата сабота наполни 80 години.
Папата Фрањо на сите гледачи им порача: Ви посакувам христијански Божиќ – како што бил тој првиот. Тогаш Бог сакал да ги промени вредностите на светот: во пештерата станува мал со малите, со сиромашните, маргинализираните… Маленкост. Во овој свет каде што сите го почитуваат богот на парите нека Божиќ ни помогне да ја гледаме маленкоста на овој Бог Кој ги променил светските вредности.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк