Папата се сретна со фудбалерите од меѓурелигискиот натпревар одигран во Рим

Папата Фрањо се сретна со фудбалерите и организаторите на првата меѓурелигиска фудбалска средба за мир, која се одржа на 1 септепмври вечерта во 20.45 часот на Олимпискиот стадион во Рим. Иницијативата се роди на една средба во април 2013, помеѓу папата Фрањо и аргентинскиот играч Занети. Приходите се дадени во дар на два младински воспитни центари (Scholas Occurentes и  Фондацијата PUPI) Меѓу присутните беа Диего Армандо Марадона, Алекс Дел Пиеро, Ксавиер Занети, Буфон, Пирло, Шевченко, Малдини, Кордоба, Наинголан, Валдерама.

Го објавуваме целиот текст од говорот на Папата:

**********************************************

Драги пријатели, добровечер!

Среќен сум што можам да ве сретнам по повод првата меѓурелигиска фудбалска средба, која ќе ја играте вечерва на Олимпискиот стадион во Рим. Ви благодарам, затоа што со подготвеност се приклучивте на мојата желба да видам играчи и тренери од различни земји и различни религии да бидат заеднона еден спортски натпревар, за да го сведочите  чувството на братољубие и пријателство. Мојата благодарност е упатена кон луѓето и организациите, кои придонесоа за реализација на овој настан. Посебно мислам на „Сколас окурентес“, која работи во Папската академија на науките, и на „Фондацијата Пупи онлус“.

Фудбалскиот натпревар вечерва ќе биде несомнено повод за собирање на средства за поддршка на солидарноста, но пред сè за да размислуваме за универзалните вредности кои фудбалот и спортот можат да ги поттикнат: лојалноста, споделувањето, прифаќањето, дијалогот, довербата во ближниот. Станува збор за вредности кои ја придружуваат секоја личност без оглед на расата, културата и верското убедување. Спортската средба вечерва е еденголем симболичен гест, за да се разбере дека е можно да се изгради култура на среќавање и еден свет на мирот, каде верници од разни религии го чуваат својот идентитет – бидејќи кога реков, „тоа е можно“,тоа не значи „да се биде тргнат настрана“: не! Верниците од разни религии, чувајќи го својот идентитет, можат да живеат во хармонија и во взаемна почит.

Сите знаеме дека спортот, особено фудбалот, е еден феномен – еден феномен – човечки и социјален кој има големо значење и влијание врз обичаите и во современиот менталитет. Луѓето, особено младите, гледаат на него со восхит поради вашите атлетски способности: важно е да се даде добар пример како на теренот така и надвор од него. Во спортските натпревари вие сте повикани да покажете дека спортот е игра која се живее, игра, празник и како таква треба да биде оценувана преку обновувањето на својата бесплатност, на својата способност да ги зајакнува врските на пријателство, исполнети со вера и духовност, со човечност и алтруизам, можете да дадете придонес во корист на идеалите за мирен граѓански и социјален развој, за изградба на една цивилизација заснована на љубовта, на солидарноста и мирот. Кога така се прави тоа е култура на среќавање.

Нека фудбалскиот натпревар вечерва ја обнови свеста кај оние кои ќе учествуват за да ја согледаат потребата за вклучување, за да може спортот да придонесе и даде еден валиден и плоден придонес за мирниот соживот меѓу сите народи, исклучувајќи секаква дискриминација врз база на раса, јазик и религија. Но вие знаете дека дискриминацијата може да биде синоним за „непочитување“. Дискриминацијата е едно непочитување, и вие денес преку овој натпревар, можете да кажете „не“ на секое непочитување. Религиите посебно се повикани да станат врска на мирот, а никогаш на омразата, затоа што во името на Бог мора да носите секогаш и само љубов. Религијата и спортот, сфатени на овој автентичен начин, можат да соработуваат и да понудат на целото општество поучни лекции за оваа нова ера, во која народите „нема да го дигнат повеќе мечот еден против друг“ (Ис 2,4).

Во оваа прилика, така своевидна и многу значајна, каква што е фудбалската средба вечерва, сакам да ви ја пренесам до сите вас оваа порака: раширете ги вашите срца како браќа кон браќа! Ова е една од тајните на животот: да се отворат срцата на браќата кон браќата; тоа е најдлабоката и вистинската димензија на спортот. Благодарам! – заврши Светиот Отец.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот