Патер Ломбарди за молитвената средба за мир: Храбар чин за мир во светот

Папата Фрањо во договор со останатите учесници на средбата, сакаше да даде силен поттик на влијанието од Бог, на отвореноста и погледите на уште поголемо и поинакво заземање во служба на мирот – кажа на почетокот на интервјуто директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица, патер Федерико Ломбарди, во освртот за молитвената средба во Ватикан.

Како што кажа и Кустос на Светата Земја пред два дена – истакна Ломбарди – мирот можеби нема да се појави, во смисла состојбата на Блискиот Исток да се промени од денес до утре, но сигурно луѓето со добра волја кои веруваат во Бог, дадоа нов и силен придонес; апелирајќи за мир и за способност срцата да се свртат кон поинакво однесување. Папата постојано зборува за култура на средба: па добро – тоа навистина во неделата беше средба на луѓе во знак на верата.

На забелешка дека покрај зборови имаше и силни гестови на средбата, патер Ломбарди рече: Сигурно. Освен заеднички посадените маслинки – еден класичен знак на мирот, во моментите кога се обидува да се пронајде мирот – си подадоа рака, но имаше и прегратки и тоа искрени. Прегратките се покажаа како навистина искрени, би кажал, а тоа што беше посебно трогателно – што толку се посакуваше и исчекуваше – е прегратката на двајцата преседатели, кои и за двајцата беше момент на „ослободување“; еднакво така и за двата народа кои искрено бараат мир, но, тешко успеваат да го пронајдат патот до него. Еве, тој копнеж за мир, таа волја за мир истотака добро се гледа во таа прегратка – кажа патер Ломбарди.

На кажувањето на новинар дека речиси сите дневни весници ги истакнаа зборовите на Папата дека треба да се собере храброст за мир, директорот на Канцеларијата кажа дека и самата средба е еден вид чин на храброст; бидејќи реалноста прави да се обесхрабриме, пред толку погрешни потези кои се направени до патот на мирот.

Секој, оној кој верува – што и библиските цитати на многу начини  о изразија тоа – е оној кој продолжува да го насочува својот поглед кон Бог и од каде што ја црпи потребната храброст. Папата често го спомнува изненадувањето кое може да дојде од Духот Господов, кој дува: за нас христијаните вчера беше Педесетиница, моментот на слегувањето на Светиот Дух кој го обновува сето создание. Ние, ете, веруваме дека секогаш е можно нешто ново, што бараме од Бог, настојувајќи и самите да се упатиме кон тоа со сите свои сили – смета патер Ломбарди.

На прашање на новинар за присутноста на Ватоломеј I на самата средба и за важноста на тоа, сознаваме дека патријархот покажа знак на христијански екуменизам. Но, не треба истотака да заборавиме дека средбата беше вистинското завршување на посетата на Светата Земја. Таа беше настан и повик планиран паралелено со посетата на Светата Земја во која Вартоломеј I заедно со Папата беше протагонист по повод сеќавање на средбата на Павле VI и Атенагора , што беше главниот мотив за посета на Светата Земја.

Патријархот го покажа фактот дека за сите христијани и за сите христијански деноминации, Ерусалим и Светата Земја се од темелно значање; и затоа сите христијани се обединети во таа желба за молитва за мир. Не станува збор само за папата Фрањо и неговата каризма; ниту само за католиците, па ниту за сите христијани; туку се обединуваат сите верници: Евреите, муслиманите, во барањето мир за тоа подрчје на кои за сите е важно.

Поради тоа беше важна и присутноста на грчко-православниот патријарх Теофил  на христијанската заедница во Ерусалим како и латинскиот патријарх Тавал – рече на крајот патер Ломбарди.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот