Папата се сретна со Фидел и Раул Кастро

Во недела 20 септември 2015 година Папа Фрањо после Литургијата на Плоштадот на Револуцијата се сретна со поранешниот кубански претседател, Фидел Кастро. Триесет минутната средба се одржа во домот на Кастро, со присуство на неговата сопруга, деца и внуци. Светиот Отец  на Кастро му поклони неколку книги, две CD-а со неговите проповеди и прмиерок од своите две енциклики: „Lumen fidei“ и „Laudato si“.

Кастро на папата му ја подари книгата „Фидел и религија“ која е напишана од еден бразилски свештеник. Како посвета во книгата, поранешниот кубански претседател, напишал: „За папа фрањо, по повод неговото патување во Куба, со прекрасниот и почитуван кубански народ.“ Отец Федерико Ломбарди, директор на прес-службата на Светиот Престол, изјави дека настанот бил „семеен и неформален“  и дека папата и Кастро разговарале за заштита на животната средина и за големите проблеми на современиот свет.

Исто така, потсети на средбата на почесниот папа, Бенедикт XVI и Фидел Кастро во 2012 година, кога поранешниот кубански престсдател на Бенедикт му поставил многу прашања. Средбата со папа Фрањо бил како еден разговор – напомена о. Ломбарди. Во попладневните часови, Светиот Отец во претседателската палата се сретна и со претседателот Раул. Разговорот траеше околу 50 минути, по што тие си разменија подароци: папа Фрањо на претседателот му поклони мозаик на Блажена  Дева Марија од Ел Кобре, а претседателот на Светиот Отец му подарил голем дрвен крст.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот