Во вторник 30 јули 2019 година папата Фрањо во Домот Света Марта во Ватикан прими поклоници од Папуа Нова Гвинеја, кои беа предводени од отец Мартин Прада, мисионер и нивен парох.
За време на аудиенцијата поклониците зборуваа за приликите во нивната земја, а изведоа и неколку национални песни од подрачјето од кое доаѓаат. На крајот од средбата папата Фрањо им го подели својот апостолски благослов – јави Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк