На 14 ноември 2016 година Папата се сретна со германската фудбалска репрезентација. Папата Фрањо се осврна на нивното тимско залагање и им се заблагодари за учеството во хуманитарни иницјативи со кои им помагаат на луѓето во потреба.
На 14 ноември 2016 година Папата се сретна со германската фудбалска репрезентација. Заблагодарувајќи му се прво на претседателот (Гриндел) и капитенот на германската репрезентација (Нојер) за поздравните зборови, папата Фрањо се осврна на нивното тимско залагање и им се заблагодари за учеството во хуманитарни иницјативи со кои им помагаат на луѓето во потреба.
Се радувам што можам да ги поздравам актуелниот шампион во светот на фудбалот овде во Ватикан. Често знаев да слушнам дека вашите победи се тимски победи. Заради тоа „Mannschaft“ стана дефиницијата за вашата група. Всушност натпреварувачкиот спорт бара не само голема дисциплина и лична самопожртвуваност, туку исто така и почитување на ближниот и екипен дух. Тоа ве доведува до успех како „Mannschaft“, а во исто време и до тоа да ја препознаете сопствената одговорност и надвор од фудбалскиот терен, посебно кон младите кои вас често ве земаат за пример. Исто така ве наведува заеднички да се заземате за поединечни важни општествени цели.
Во таа смисла посебно сум благодарен за вашата поддршка на „Sternsinger“, и „Cantorima della Stella“, за конкретното помагање на децата и младите во најсиромашните земји. Таа иницијатива покажува дека заеднички е можно да се надминат бариерите кои изгледаат непремостливи и ги казнуваат луѓето во потреба или мигрантите. И на тој начин вие придонесувате за градење на поправедно и посолидарно општество. Ви благодарам за посетата и ви посакувам секое добро во нашите спортски и општествени активности. Ве замолувам да се молете за мене и од срце го благословувам секој од вас поединечно како и вашите семејства – рече на крајот од својот краток говор Светиот Отец.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк