Каква Црква сака Папата?

Каква Црква сака Папата?

 

Црква „секогаш во излегување“, радосна навестителка на Евангелието на милосрдие и сведок на надежта, посакува Светиот Отец во пораката до кардинал Питер Ердо претседател на Советот на европските епископски конференции.

Црква „секогаш во излегување“, радосна навестителка на Евангелието на милосрдие и сведок на надежта, посакува Светиот Отец во пораката до кардинал Питер Ердо претседател на Советот на европските епископски конференции по повод пленеарното собрание на Советот кое започна на 6 октомври 2016 година во кнежеството Монако.

Папата изрази „длабока благодарност за значајниот придонес на Советот на европските епископски конференции во промовирањето на братските и црковните односи кој ја покажуваат важноста на заедништвото и радоста на верата.“ Светиот Отец ги поттикнува учесниците „со доверба да го продолжат одењето во служење на народите на континентот вреднувајќи ги неговите „две белодробни крила“, „источното и западното.“ Настојувајте да ја просветлувате совеста на верниците да не ги заведе световната култура – поттикна папата Фрањо.

На отворањето на собранието надбискупот Луиџи Пецуто апостолски нунциј во Монако ја прочита пораката во која Папата исто така се заблагодарува на кардинал Питер Ердо кој со оваа пленеарно собрание ги завршува своите два петгодишни мандата на чело на Советот за европски епископски конференции. Со благост и предвидливост знаевте да служите ставајќи ја над сите евангелската љубов. Ви благодарам за Вашата пасторална ревност – стои во пораката на Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан, Вести

За авторот