Папата се осврна на средбата со Патријархот Кирил

По средбата со патријархот Кирил и потпишувањето на заедничка декларација, Светиот Отец се упати кон Мексико, пред новинарите се осврна на средбата во Хавана, велејќи дека  средбата била братска и дека се одвивала во слобода.

По средбата со патријархот Кирил и потпишувањето на заедничка декларација, Светиот Отец се упати кон Мексико. Во авионот папата Фрањо на новинарите им кажа дека тоа било разговор помеѓу двајца браќа. Со Патријархот разговарал за двете цркви, ситуацијата во светот, војните, провославието и за престојниот православен собор. Потоа додаде дека навистина почувствувал внатрешна радост која доаѓа од Господ.

Светиот Отец повтори дека можело да се почувствува како средбата се одвива во атмосфера на слобода. На средбата присуствуваше и кардинал Курт Кох претседател на Папскиот совет за промовирање на христијанско единство, Митрополитот Иларион и двајца преведувачи. Исто така станало збор за можни заеднички активности повторувајќи дека единството е заедничко одење. Коментирајќи ја заедничката декларација потпишана на средбата, Светиот Отец нагласи дека декларацијата била пасторална, а не социолошка декларација и затоа средба е на двајца епископи околу пасторалната грижа.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот