Папата: Сакам да размислувам за Црквата како Божји верен народ

Папата: Сакам да размислувам за Црквата како Божји верен народ

Во говорот на почетокот на пленарна седница на Генералното собрание во средата попладне, 25 октомври 2023 година, папата Фрањо го ја опиша Црквата како Божји верен народ, непогрешлив во верата.

Интервенција на папата Фрањо на 18. Генерална седница на 16 Редовното Генерално Собрание на Епископската Синода

Сакам да размислувам за Црквата како Божјиот верен народ, свет и грешен, народ собран и повикан со силата на блаженствата во Матеј 25.

Исус, за Својата Црква, не преземал ниту една од политичките шеми на своето време: ниту фарисејството, ниту садукејството ниту есенството, ниту зелотството. Нема „затворена корпорација“; Тој едноставно ја прифаќа традицијата на Израел: „Ти ќе бидеш Мој народ, а јас ќе бидам твој Бог“.

Сакам да размислувам за Црквата како овие едноставни и понизни луѓе кои одат во Господовата присутност (верниот Божји народ). Ова е верската смисла на нашиот верен народ. И велам верен народ за да не западнеме во многуте идеолошки пристапи и шеми со кои се „редуцира“ реалноста на Божјиот народ. Едноставно верниот народ, или, исто така, „Божјиот свет верен народ“ на патот, свет и грешен. А тоа е Црквата.

Една од карактеристиките на овој верен народ е неговата непогрешливост; да, непогрешлив е во верувањето („In credendo falli nequit“, вели LG 9) Непогрешлив во верувањето. А јас тоа го објаснувам вака: „Кога сакаш да знаеш во што верува Светата Мајка Црква, оди кај Учителството, бидејќи тоа е задолжено да поучува; но кога сакаш да знаеш како верува Црквата, оди кај верниот народ“.

На ум ми доаѓа следнава слика: верниот народ собран на влезот на катедралата во Ефес. Приказната (или легендата) вели дека луѓето стоеле на двете страни од патот кој водел до Катедралата додека епископите во процесија влегувале и во еден глас народот повторувал: „Богородица“, барајќи од хиерархијата да ја прогласи таа догма за да биде вистинито она кое тие веќе го поседувале како Божји народ. (Некои велат дека држеле стапови во раце и им ги покажувале на епископите). Не знам дали е историја или легенда, но сликата е валидна.

Верниот народ, светиот верен Божји народ има душа, и бидејќи можеме да зборуваме за душата на еден народ, можеме да зборуваме за херменевтика, за начин на гледање на реалноста, за совеста. Нашиот верен народ е свесен за своето достоинство, ги крштева своите деца, ги погребува своите мртви.

Ние, членовите на Хиерархијата потекнуваме од тој народ и сме ја примиле верата од тој народ, генерално од нашите мајки и баби, „твојата мајка и баба“ му вели Павле на Тимотеј, вера пренесена на женски дијалект, како мајката на Макавејците, која зборува „на дијалект“ со нејзините деца. И тука сакам да подвлечам дека кај Божјиот свет и верен народ верата се пренесува на дијалект, а најчесто на женски дијалект. Ова не е само затоа што Црквата е мајка и токму жените најдобро ја одразуваат; (Црквата е жена), но и затоа што жените се тие кои знаат да чекаат, кои знаат да ги откријат ресурсите на Црквата, на верните луѓе, кои ризикуваат над границите, можеби со страв, но храбри, и во светлината и сенка на денот што почнува, тие се приближуваат кон гробот со интуиција дека можеби ќе има живот.

Жената на Божјиот свет и верен народ е одраз на Црквата. Црквата е женствена, таа е жена, таа е мајка.

Кога служителите одат предалеку во својата служба и го малтретираат Божјиот народ, тие го обезличуваат лицето на Црквата со мачистички и диктаторски ставови (доволно е да се потсетиме на интервенцијата на сестра Лилијана Франко). Болно е да се најде во некои парохиски канцеларии „ценовник“ на светинските служби како да е супермаркет. Или Црквата е верен Божји народ на пат, свет и грешен, или на крајот станува друштво на разни служби. И кога пасторалните работници ќе тргнат по овој втор пат, Црквата станува супермаркет на спасението, а свештениците само вработени во мултинационална корпорација. Ова е големиот пораз до кој нѐ води клерикализмот. И ова е многу тажно и скандалозно (доволно е да отидете во црковните кројачки продавници во Рим за да ја видите соблазната од младите свештеници кои пробуваат талари и шешири или алби и облеки покриени со тантела).

Клерикализмот е камшик, тоа е зло, тоа е облик на световност што го валка и го оштетува лицето на Господовата свршеница; го поробува светиот и верен Божјиот народ.

А Божјиот народ, Божјиот свет верен народ, оди напред со трпение и понизност, поднесувајќи го презирот, малтретирањето и маргинализацијата на институционализираниот клерикализам. И колку природно зборуваме за кнезовите на Црквата или за бискупските унапредувања како напредување во кариерата! Ужасите на светот, световноста го малтретира Божјиот свет и верен народ.

Светиот Отец своето излагање го пренесе на шпански.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот