Папата продолжува по патот на екуменизмот

Ватикан, 8.4.2013 /к.мк / – Ватиканскиот гласноговорник отец Федерико Ломбарди средбата на папата Фрањо со пасторот Николаус Шнајдер, претседател на Евангелската црква во Германија, која се одржа во понеделник, ја оцени како срдечна и плодна, и дека без никакво сомневање екуменизмот продолжува и во понтификатот на папата Фрањо. Освен со Папата пасторот Шнајдер оствари средба и со кардиналот Курт Кох, претседател на Папскиот совет за единство на христијаните, како и со архиепископот Герхард Лудвиг Милер, префект на Конгрегацијата за наука на верата.

Пасторот Шнајдер упати честитки до Светиот Отец за изборот на името „Фрањо“, бидејќи е од големо значење за целото христијанство.

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<