Папата: Прогонството е секојдневен леб на христијаните

Како што се случило со Стефан првомаченикот, со невините деца кои ги убил Ирод, многу христијани и денес се убиваат заради нивната вера во Христос, а други пак „љубезно“ се прогонуваат затоа што сакаат да сведочат дека се деца Божји – рече Папата на светата Литургија на 12 април.

Прогонството е секојдневниот леб на Црквата – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 12 април која ја служеше во капелата на домот Света Марта. Како што се случило со Стефан првомаченикот, со невините деца кои ги убил Ирод, многу христијани и денес се убиваат заради нивната вера во Христос, а други пак „љубезно“ се прогонуваат затоа што сакат да сведочат дека се деца Божји – додаде Папата.

Некои прогони се крвави како кога ѕверот ги растргнува бедните заради забава на народот или пак летаат во воздух на излезот од црквата. Некои прогони се изведуваат со бели ракавици, облечени со „културата“, таквите луѓето ги водат на работ на општеството, се оставаат без работа ако не се прилагодат на законите кои се против Бог Создателот – рече Папата.

Секојдневни маченици

Описот на мачеништвото на свети Стефан за кое што зборува првото литургиско читање земено од Делата на светите апостоли го поттикна Папата да зборува за веќе познати, но и за новите реалности кои веќе две илјади години ја пишуваат историјата за христијанската вера, а тоа се прогонствата.

Прогонствата би рекол се секојдневниот леб на Црквата. Тоа и Исус го кажал. Кога ќе прошетаме низ Рим и го разгледаме Колосеумот мислиме на мачениците кои биле растргнати од лавовите. Но, не се само тие маченици. Имаме секојдневни маченици. Во Пакистан пред три недели се убиени христијани кои го славеле Велигден, токму затоа што го славеле воскреснатиот Господ. Историјата на Црквата е полна со маченици – истакна Светиот Отец.

„Љубезни“ прогони

Со мачеништвото на Стефан започнал суровиот прогон на христијаните во Ерусалим, сличен на прогонствата на денешните христијани кои не се слободни да ја исповедаат верата во Исус. Но, има и друг вид на прогонства за кои речиси и не се зборува тоа е прогонството „облечено“ со културата на модерноста, напредокот – рече Папата.

Тоа е – иронично зборувајќи – „љубезно“ прогонство. Понекогаш не се прогонува заради сведочење на името Христово, туку затоа што сака да ги има и да ги сведочи вредностите на Синот Божји. Бог Создателот се прогонува во личноста на неговите деца. Секој ден гледаме како моќниците донесуваат закони кои обврзуваат да се оди по тој пат, а кога некој народ не ги сака тие модерни, учени закони не сака да ги внесе во своето законодавство тогаш го обвинуваат и „љубезно“ го прогонуваат. Таквиот прогон ја негира човековата слобода и совеста – обајсни Папата.

Големо отпадништво

Тоа е прогонот на светот кој ја одзема слободата, а Бог нè создаде слободни да го сведочиме Бог Создателот и Христос Спасителот. Таквото прогонство има свој водач кој Исус го нарекува „кнезот на овој свет“. Кога моќниците сакаат да наметнат однесување, да усвојат закони против достоинството, тогаш го прогонуваат Синот Божји и му пркосат на Бог Создателот. Тоа е големо отпадништво. Со тие прогонства животот на христијаните оди напред. Господ исто така ни вети дека нема да се одалечува од нас. „Чувајте се! Чувајте се од световниот дух! Чувајте се! Одете напред, Јас ќе бидам со вас“, вети Исус – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот