Папата претседава со Кардиналскиот совет
Папата Фрањо претседава со 13 седница на Кардиналскиот совет, која започна на 8 февруари, а ќе заврши на 9 февруари. Кардиналскиот совет е формиран со цел да му помогне на Папата во управувањето на универзалната Црква и во реформата на Римската Курија.
Претходните средби на Кардиналскиот совет се одржаа во следните термини: 1 – 3 октомври 2013 година, 3 – 5 декември 2013, 17 – 19 февруари 2014 година, 27 – 30 април 2014 година 1 – 4 јули 2014 година; 15 – 17 септември 2014 година; 9 – 11 декември 2014 година; 9 – 11 февруари 2015 година; 13 – 15 март 2015, 8 – 10 јуни 2015 година; 14 – 16 септември 2015; 10 – 12 декември 2015 година.
Оваа година седниците на Кардиналскиот совет се предвидува да се одржат во февруари, април, јуни, септември и декември.
РВ/го*ко