Папата предложи три збора за сопружниците

Вечерта на 28 јули 2016 година папата Фрањо како и претходно од прозорецот на надбискуписката резиденција во Краков ги поздрави младите собрани на плоштадот пред зградата. Се обрати до нововенчаните парови честитајќи им за храброста да стапат во брак.

„Не е лесно да се основа семејство“ – рече Папата. За надминување на разните тешкотии им предложи три збора: те молам, благодарам, прости.

„Секогаш треба да го прашаш сопружникот: „Што мислиш? Можеме ли така? Никогаш не гази“ по другиот, туку користи го зборот „те молам“ – предложи Папата. Потоа треба да се биде благодарен, не го заборавајте зборот „благодарам.“ На младенците им порача често меѓусебно да се заблагодаруваат затоа што светотаинската врска се поддржува токму со чувството на благодарност.

На трето место Светиот Отец го истакна зборот кој понекогаш е „многу тешко да се каже“: прости. „Во бракот помеѓу мажот и жената секогаш има повремено недоразбирање. Знајте да го препознаете и да молите за прошка“ – реле Папата. „Има млади семејства, нововенчани парови, многу од вас се во брак, а други се подготвуваат за брак. Запамтете ги тие три збора кои многу помагаат во брачниот живот: те молам, благодарам, прости.“

Исто така советуваше никогаш да не се заврши денот непомирени затоа што „студената војна следниот ден е многу опасна.“ А за помирување не се потребни големи говори доволен е само еден гест за да се врати мирот. „Кога постои љубов еден гест сè враќа на место“ – објасни папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот