Папата повторно упати апел за мир во Сирија

Папата при крајот на Генералната аудиенција на 28 септември 2016 година го повтори својот апел до конфликтните страни за мир во „саканата“ и измачена Сирија за да направат сè за да се заштитат невините животи и да се престане со убивање и да се воспостави мир.

Папата при крајот на Генералната аудиенција на 28 септември 2016 година го повтори својот апел до конфликтните страни за мир во „саканата“ и измачена Сирија:

Моите мисли уште еднаш се свртуваат кон саканата и измачена Сирија. Продолжуваат до мене да пристигнуваат драматични вести за судбината на народот во Алепо, со кој се чувствувам обединет во страдањето преку молитвата и духовната близина. Иразувајќи длабока тага и длабока загриженост за она што се случува во овој веќе маченички град, каде умираат млади, стари луѓе, болни, млади, стари, сите… повторно до сите го упатувам својот повик да се вклучат сите сили во заштитата на цивилите што е обврзувачки и итен императив. Апелирам на совеста на оние кои се одговорни за бомбашките напади, а кои пред Бог ќе мора да положат сметка!

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот