Во пресрет на 80 годишнината од почетокот на Втората светска војна, која ќе се одбележи на 1 септември, папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција во среда на 28 август повика на молитва за мир. „Ќе молиме за мир за да не се повторат трагичните настани предизвикани од омразата кои донесоа само уништување, стрдање и смрт“, рече Папата.
„Драги браќа и сестри на 1 септември се навршуваат 80 години од почетокот на Втората светска војна која започна со германската нацистичка агресија на Полска. Додека во Варшава, Велун и во други градови ќе се одржат комеморации, на кои ќе учествуваат голем број шефови на држави од целиот свет, сите ќе се молиме за мир за да не се повторат трагичните настани предизвикани од омразата, кои донесоа само уништување, страдање и смрт. Да се молиме на Бог мир да владее во срцата на луѓето, во семејствата, во општествата и меѓу народите! Сите вас ве доверувам на мајчинската заштита на Марија Царицата на мирот и од срце ве благословувам,“ рече папата Фрањо во поздравот до поклониците од Полска собрани на Генералната аудиенција
Ватикан њуз/к.мк