Папата повика на молитва за жртвите од земјотресот во Италија

Папата повика на молитва за жртвите од земјотресот во Италија

По молитвата Ангел Господов на 22 јануари 2017 година, Светиот Отец потсети дека сме во Молитвената недела за единство на христијаните, која оваа година за тема ја има реченицата земена од свети Павле која ни покажува по кој пат треба да одиме: „Љубовта Христова нѐ гони да размислуваме“ (2 Кор 5, 4). Во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините во среда ќе ја завршиме Молитвената недела со славење на Вечерна во која ќе учествуваат браќата и сестрите од другите Цркви и христијанските заедници присутни во Рим. Ве повикувам да истраете во молитвата за да се исполни Исусовата желба: „Сите да бидам едно“ (Ив 17, 21)

Земјотресот и обилниот снег изминатите денови повторно ги изложија на тешко искушение нашите браќа и сестри во Централна Италија, посебно во покраината Абруцо, Марке и Лацио. Со молитвата и чувствата во близина сум на семејствата чии блиски беа жртви. Ги охрабрувам сите кои великодушно се заземаат во делата за помош и поддршка, како и локалната Црква која се жртвува за да го олесни страдањето и тешкотиите. Многу ви благодарам за таа близина, за вашата работа и конкретната помош. Ве повикувам заедно да ја молиме Пресвета Богородица за жртвите и за оние кои великодушно се заземаат во делата за помош, рече Папата и молеше „Радувај се Маријо…“

На Блискиот Исток и во разни делови во светот, милиони луѓе се подготвуваат на 28 јануари да ја слават лунарната Нова година. Искрено ги поздравувам сите семејства, со желба тие да станат сѐ повеќе училиште во кое се учи да се почитува другиот, да се комуницира и несебично да се грижат едни за други. Нека радоста на љубовта се шири во семејствата и нека од нив се шири во целото општество.

Ве поздравувам сите вас, верниците од Рим и поклоници од разни земји, посебно групата девојки од Панама и студентите од заводот „Диего Санчез“ од Шпанија. Ги поздравувам членовите на Католичката унија на наставници, директори, воспитувачи кои го завршија својот 25 национален конгрес. Ви посакувам плодна воспитна работа, секогаш во соработка со семејствата. На сите ви посакувам пријатна недела, ве молам не заборавајте да се молите за мене. Добар апетит и до гледање – заврши Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот