Папата Фрањо во молитвената накана за месец април 2018 повика да се молиме за оние кои се одговорни за економските прашања.
Економијата не може да се обидува да го зголемува профитот намалувајќи ја работната сила и придонесувајќи со тоа исклучување на луѓето – рече Светиот Отец во видео пораката и продолжува: (Економијата) треба да го следи патот на работодавците, политичарите, мислителите и општествените лидери кои на прво место го ставаат човекот и прават сè што е можно за да загарантираат дека постојат прилики за достоинствена работа. Заедно да го подигнеме својот глас молејќи за тие кои се одговорни за економијата да имаат храброст да ја отфрлат економијата која исклучува и да знаат да отвораат нови патишта – заврши Папата.
РВ/к.мк