Папата Фрањо основа Апостолски егзархат за украински католици од источен обред, кои живеат во Италија и брои околу 70 илјади верници. За Апостолски aдминистратор на Егзархатот со испразнет епископски престол (sede vacante) Папата го именува кардинал Анџело Де Донатис, Генерален викар на Римската епархија
Пастирската грижа за украинските источни католици, најпрво беше доверена на Канцеларијата за мигрантите при Италијанската епископска конференција, а во соработка со свештеник за коориднација на пасторалната работа, додека бискупите од латински обред беа одговорни за пасторалната грижа во одделните заедници.
Комуникацијата со Врховната архиепископија на Украинската источно католичка Црква се остваруваше преку Апостолски визитатор, кој во овој момент е Неговото Високопреосвештенство Дионисиј Лахович. Денес повеќе од 70.000 украински католици од источен обред живеат во Италија, во 145 заедници, кои се опслужувани со 62 свештеници.
Границите на Егзархатот ја покриваат целата територија на Италијанската Република. Катедралната црква и седиштето на Егзархијата се Римската парохија на Свети Сергиј и Вакх, маченици од третиот век, жители на Рим.
Минатата седмица на 5 и 6 јули во Ватикан се одржа дводневен состанок под раководство на папата со Неговото Блаженство Свјатослав Шевчук, врховен архиепископ на Киев-халиче, заедно со митрополитите и членовите на Постојаниот синод, во присуство на раководителите на надлежните институции на Римската Курија. Во јануари 2018 година папата Фрањо ја посети црквата Света Софија во Рим, каде што се сретна со локалната украинска заедница.
Ватикан њуз/к.мк