Во своето обраќање по молитвата Царице небесна во недела 25 април 2021 година, Папата се довери на верниците дека е ожалостен заради уште една трагедија во Медитеранот во кое животот го загубија 130 мигранти. Ги повика верниците да се молат за загинатите како и за „оние кои можат да помогнат“, но претпочитаат да ја свртуваат главата на другата страна.“
„Ви признавам дека сум многу ожалостен заради трагедијата која последните два дена повторно се случи на Медитеранот. Сто и триесет мигранти го загубија животот на морето. Тие се човечки личности, тоа се човечки животи, кои полни два дена залудно молеа за помош, помош која не стигна. Браќа и сестри да се замислиме сите над таа голема трагедија. Време е да се срамиме. Да се помолиме за овие брќа и сестри и за многу кои и понатаму умираат на тие драматични патувања. Да се молиме и за оние кои можат да помогнат, но претпочитаат да ја свртат главата на другата страна. Да се помолиме во тишина за нив“, рече Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк