Папата одлучи кардинал Пулиќ да продолжи со службата

Папата одлучи кардинал Пулиќ да продолжи со службата

Папата Фрањо во четврток 29 октомври му испрати на кардинал Пулиќ писмо во кое го известува дека останува на местото врхбосански надбискуп „додека не се одлучи поинаку“.

Според воспоставениот начин на црковна кореспонденција, Светиот Отец откако врхобосанскиот надбискуп, навршувајќи 75 години од животот на 8 септември 2020 предаде „повлекување од службата“ (спор. Кан 401 § 1), одговори дека кардинал Винко продолжува со службата “donec aliter provideatur” – „додека не се одлучи поинаку“.

Папскиот одговор одеше по редовен пат преку Апостолската нунцијатура во Сараево, како и поднесувањето на повелкувањето на кардиналот.

Во својот осврт за Католичкиот неделник кардинал Пулиќ рече: „Откако според прописот на Законот на канонското право, му го понудив на Папата своето повлекување, се шегував да видам кој попрв ќе реагира: драгиот Бог или Папата. Еве, Светиот Отец реагираше попрво и на тоа му благодарам. Јас сум спремен за Црквата да работам додека ме служи здравјето“.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот