Папата Фрањо во сабота 9 септември 2023 година во аудиенција ги прими членовите на здружението „Брачна средба“ и го поттикна нивниот ангажман во промовирањето на врската меѓу две различни и комплементарни звања: брачниот живот и пасторалниот живот. Бракот и светото ракополагање се звања во кои активноста на евангелизација треба да се живее далеку од мочурливите патеки на индивидуализмот.
Здружението за унапредување на семејството „Брачна средба“ заокружува 45 години дејност; затоа, околу 1.200 нејзини членови, кои деновиве се собраа да размислуваат за темата „Ние сме Божји сон“,се сретнаа со папата Фрањо во салата Павле VI. во Ватикан. Светиот Отец им се обрати со говор во кој истакна дека двете тајни – бракот и светото ракополагање – се различни и се надополнуваат и ги поттикна да ја поддржат размената меѓу брачните двојки и пастирите, која – како што рече – ја погодува евангелизација, која денес итно ни е потребна.
Верата е искуство на односи и средби
Здружението, кое долго време беше посветено на истакнување на односот помеѓу повикот за брак и повикот кон светото ракополагање, беше поттикнато од Папата дополнително да ја продлабочи својата харизма, која нè потсетува дека верата пред сè е искуство на односи и средби.
Тие две тајни, имено, зборуваат за свршувачка на различни, но комплементарни начини: од една страна, целосниот, единствен и нераскинлив дар на брачниот другар, а од друга, свештеничкиот дар на живот за Црквата, се знаци на веридбената Божјата љубов кон нас.
Братството е начин да се создаде ново човештво
Божји сон е да не соедини во својата љубов, во своето заедништво, за да ни овозможи да ја откриеме убавината на божественото синовство и братство меѓу нас – рече Папата и прецизираше:
Исус усрдно се молеше за тоа. И нè испраќа во светот за да навестиме дека патот на создавање на ново човештво се заснова на братството, плодот на милосрдието, а не на препотенција и себичност. Во оваа смисла, служењето што го давате на Црквата, но и на општеството, односно придружувањето на сопружниците и свештениците, е драгоцен дел што придонесува за остварување на Божјиот сон.
Далеку од мочурливите патеки на индивидуализмот
Папата Фрањо инсистира на тоа дека е неопходно да се работи за сопружниците и пастирите заедно да ја научат уметноста на односите и уметноста на заедништво.
Така го остварувате Божјиот сон, сонот за свршеното заедништво, во време кое понекогаш претпочита да оди по мочурливите патеки на индивидуализмот, наместо да се движи кон величествените врвови на љубовта.
Црквата е повикана на взаемност меѓу харизмата и службата
Во целосно синодална перспектива, папата Фрањо потсети дека Црквата е повикана сè повеќе да ја живее взаемноста меѓу даровите, харизмата и службата.
Размената меѓу сопружниците и пастирите ја поддржува евангелизациската активност, која ни е итно потребна денес. Преку врските, имено, пред сè со сведочењето за убавината на односите, можеме да го објавиме богатството на евангелието и да ја покажеме љубовта што Бог ја има кон секое создание.
Ватикан њуз/к.мк