Папата: Не може да се поистоветува исламот со насилството

„Не ми се допаѓа да зборувам за исламско насилство“, бидејќи и крстените католици прават насилство. „Кога би зборувал за исламското насилство, би требало да зборувам и за католичко насилство. Сите муслимани не се насилни, сите католици не се насилни“. Не може да се каже дека исламот е тероризам – истакна папата Фрањо за време на прес конференцијата за новинарите во недела 31 јули 2016 година, на летот од Краков до Рим, враќајки се од повод Апостолската посета на Полска.

Ислам, насилство и тероризам

Одговарајќи на прашање зошто кога зборуваме за злосторства како што е убиството на отец Жак Хамел, „кој очигледно е убиен во име на исламот“, никогаш не се спомнува Исламот. Светиот Отец напомена дека „верува дека во секоја религија секогаш има мала фундаменталистичка група“. Може да се убие и со јазикот, а тоа го вели апостол Јаков, не само јас“ – рече Папата истакнувајќи:

„Верувам дека не е исправно да се идентификува исламот со насилство. Тоа не е исправно и вистинито! Имав долг разговор со големиот имам на универзитетот ал-Азхар и знам што тие мислат: бараат мир, средба“. Папата спомена како нунциј во една африканска земја зборува дека и муслиманите за време на Јубилејот на милосрдието поминуваат низ Светите врати (…).

„Можен е добар соживот. Но постојат фундаменталистички групи. Да, можеме да кажеме дека т.н. ИСИС Исламска држава се претставува како насилна“ – рече Папата. „Но тоа е фундаменталистичка група“. „Не може да се каже – верувам дека тоа не е вистинито и праведно – дека исламот е терористички.“

„Се прашувам“ – продолжи Папата – „колку млади ние Европјаните оставивме без идеал, кои немаат работа, се препуштаат на дрогата, алкохолот или се вклучуваат во фундаменталистички групи“. Додаде дека тероризмот „расте кога нема друга опција, кога парите, а не личност е во центарот на светската економија“. Тоа е „вистински тероризам“. Се отфрла чудесноста на создадението, маж и жена, и наместо нив се ставени парите. Тоа е основен тероризам против целото човештво.“

Молчење за ситуацијата во Турција

Еден новинар го праша Папата зошто не проговорил против прогонството и политичките чистките на противниците на режимот на Ердоган во Турција. „Кога требаше да кажам нешто што не и се допаѓаше на Турција, но во што бев сигурен, тоа и го кажав, со последиците кои ви се познати“ – одгoвори Светиот Отец. Објаснувајќи дека за актуелната ситуација во таа земја не проговорил затоа што од инфорамциите кои ги добил уште не е сигурен што таму се случува. Напомена дека ги слуша „информациите од Државниот секретаријат“, како и важни политички аналитичари и дека „ја проучува ситуацијата“, за која кажа дека уште „не му е јасна“.

Посредување во Венецуела

Одговарајќи на прашање за предложеното ватиканско посредување во напната политичка ситуација во Венецуела помеѓу социјалистичкиот претседател Самперо и мнозинскиот парламент кој му се спротивставува, Светиот Отец рече дека во сегашните услови постои можност за евентуална средба и дека за тоа се размислува, но нагласи дека не е сигурен и дека тоа не може да се гарантира.

Благородништвото на полскиот народ

Светиот Отец осврнувајќи се на завршената Апостолска посета на Полска, истакна дека е импресиониран од земјата и народот. „Краков, она што го видов, беше толку многу убаво. Полскиот народ е многу ентузијастичен, полн со добрина и благороден. Светиот Отец раскажа дека уште како дете на имотот на неговиот татко сретнувал Полјаци. Тоа беа добри луѓе и тоа ми остана во срцето. Повторно ја открив таа нивна добрина. Тоа е убавина. Им благодарам – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот