Папата најави формирање на нова дикастерија

Папата Фрањо во четврток 22 октомври 2015 година  најави формирање на дикастерија за лаици, семејство и живот. Според изјавата од Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Папата на почетокот на вчерашната генерална конгрегација на Епископската синода рече: „Одлучив да формирам нова дикастерија која ќе биде надлежна за лаиците, семејството и животот и ќе ги замени Папскиот совет за лаици и Папскиот совет за семејство, а кон неа ќе биде присоединета и Папската академија за живот.“

„Поради тоа формирав посебен совет чија задача ќе биде да го подготви текстот, кој канонски ќе ги наведе надлежностите на новата дикастерија и ќе биде предаден за расправа на Кардиналскиот совет, на средбата во декември“ – истакна Папата.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот