Светиот Отец на конзисториумот: Многумина се рамнодушни за прогонствата на христијаните на Блискиот Исток

Во Ватикан во новата синодска сала под раководство на Светиот Отец во понеделник 20 октомври е одржан редовен конзисториум за прогласување светци и тоа: блажен Џузепе Ваза (свештеник ораторијанец на свети Филип Нери) и блажена Марија Кристина од Безграшното зачнување. На конзисториумот учествуваа патријарси од Блискиот Исток за да ја запознаат Конгрегацијата со состојбата на христијаните на Блискиот Исток.

По службеното завршување на третата вонредна Епископска синода за семејството, би сакал на овој конзисториум да посветам внимание не само на канонизацијата, туку и на она што ми е посебно во срцето, односно состојбата на христијаните на Блискиот Исток. Ви благодарам на вашето присуство – рече Светиот Отец, обраќајки се на патријарсите.

Нè обединува желбата за мир и стабилност на Блискиот Исток и желбата за поттикнување на дијалог, помирување и политичко заземање да придонесеме за решавање на конфликтот. Истовремено сакаме уште повеќе да ги охрабриме христијанските заедници да не го напуштаат Блискиот Исток. Веќе повеќе пати истакнав дека не можеме да се помириме со тоа Блискиот Исток да остане без христијани кои во тој дел од светот две илјади години ја исповедуваат верата во Исус Христос – истакна папата Фрањо.

Последните настани, посебно во Ирак и Сирија, навистина загрижуват. Сведоци сме до сега на незапаметен тероризам. Многу наши браќа се прогонети и на брутален начин мора да ги напуштат своите домови. Изгледа како да е изгубена свеста за вредноста на човечкиот живот, изгледа човекот повеќе ништо не значи и дека може да се жртвува поради други интереси. А тоа, за жал никој не го интересира – нагласи Светиот Отец.

Таа непреведна состојба бара, освен нашите постојани молитви, соодветен одговор на меѓународната заедница. Уверен сум дека денешната средба, со Божја помош, ќе ги пружи потребните размислувања и предлози за да се помогне на браќата кои трпат како и завршување на драмата на срушување на христијанското присуство во земјите каде што е родено и од каде што се прошири христијанството – заврши Светиот Отец.

Зборувајќи за состојбата на Блискиот Исток, кардинал Пиетро Паролин, Државниот секретар на Светиот Престол рече дека меѓународната заедница не смее да остане рамнодушна пред драматичната состојба. Ситуацијата е неприфатлива заради „срамното насилство“ на многумина – рече кардиналот и го повтори ставот на Светиот Престол. Истакна дека секогаш е дозволено да се запре неправедниот агресор, но во границите на меѓународното право, како што рече Светиот Отец. И покрај тоа, јасно е дека од воениот одговор не може да се очекува решение. Со проблемот треба да се соочиме со внимателно проучување на неговите причини кои ја користат фундаменталистичката идеологија – истакна државниот секретар.

Зборувајќи пак за т.н. Исламска држава, кардиналот рече дека треба да се посвети внимание на изворите кои со политичка поддршка, нелегална трговија на нафта и оружје и технологија ги поддржуваат терористичките активности. Обраќајќи се диретно на муслиманските заедници, рече: Во конкретниот случај за т.н. Исламска држава посебно се одговорни муслиманските водачи, бидејќи не го спречиле називот „Исламска држава“ и основање на калифатот и бидејќи одлучно не го осудија убивањето во името на религијата и секој вид на дискриминација – истакна кардиналот.

Кардиналот потсети на драматичното бегство на христијаните тврдејќи дека Црквата и црковните пастири треба да бидат со стадото кое трпи. Топј истакна дека Црквата е „мајка со сите свои деца, која неправедно трпи, се моли и се зазема за нив, ги брани, а не се плаши да ја зборува вистината, станувајќи глас за сите кои го немаат, засолниште и поддршка за напуштените и дискриминираните.“

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот