На конзисториумот која се одржа на 19 јули 2018 година, папата Фрањо најави дека блажен Нунцио Сулприцио, Италјанец кој починал во 1836 година, на 20 години, ќе биде прогласен за свет за време на синодата за млади.
Уште едно момче ќе биде прогласено за светец и тоа за време на Епископската синода за млади. Папата Фрањо на 14 октомври ќе го канонизира блажен Нунцио Сулприцио, млад работник од италијанската покраина Абруцо, кој починал во 1836 година на 20 години од рак на коските, кој најверојатно го предизвикале страшните работни услови на кои го изложувал вујко му во својата ковачка работилница. Неговата канонизација папата Фрањо ја најави на редовниот јавен конзисториум одржан на 19 јули 2018 година.
Канонизација заедно со Павле VI и надбискупот Ромеро
Младиот Нунцио се почитува како заштитник на инвалидите и жртвите на работата, а ќе биде канонизиран заедно со папата Павле VI кој го прогласи за блажен на 1 декември 1963 година за времен на Вториот ватикански собор, со надбискупот Оскар Ромеро и со уште двајца свештеници и две монахињи (дијацезантскиот свештеник Франческо Спинел, основач на Дружбата монахињи поклонителки на Пресветата Тајна Евхаристија и Винченцо Романо, и сестра Марија Катерина Каспер основателка на Дружбата сиромашни служителки на Исус Христос и сестра Назарија Игназија од света Тереза од Исус основателка на Дружбата сестри мисионерки Cruzadas de la Iglesia).
Оздравување на момче во кома после сообраќајна несреќа
Чудото кое довело до канонизација на тој понизен млад работник се однесува на едно момче од Таранто, тешко повреден во сообраќајна несреќа кое после тоа веднаш паднало во кома, а потоа во вегетативна состојба. Родителите кои го научиле во паричникот секогаш да носи слика од блажен Нунцио Сулприцио, побарале во парохијата Свети Доменик Соријано во Неапол една реликвија од блаженикот која ја ставиле во шок собата во која лежело момчето.
Освен тоа, таткото на момчето го натопувал челото на синот со вода од блаженикот од малото место Рипароса каде Нунцио како момче си ја миел ногата заболена од гангрена. Наредните денови лекарите изјавиле дека на момчето повеќе не му е потребна шок соба. Во рок од четири месеци момчето излегува од вегетативната состојба, и наскоро оздравува без никакви последици.
Живот исполнет со страдање
Во текот на редовниот конзисториум која ја предводеше папата Фрањо, кардиналот Анџело Амато префект на Конгрегацијата за прогласување на светци ги потсети присутните на животот на Нунцио Сулприцио, обележан со многу големо стрдање кое го живеал со голема вера и послушност на Божјата волја.
Нунцио е роден во местото Пескосансонеско, недалеку од Пескара, на 13 април 1817 година. Родителите ги губи додека уште бил дете, а кога имал девет години починува и баба му. Грижата за него тогаш ја презема неговиот вујко, кој му го прекинува училиштето и без милост го искористува во својата ковачка работилница. Го принудувал со километри да носи нечовечки товари и покрај студенилото или пак големата жештина. Секогаш кога можел Нунцио одел пред светата Дарохранителница за да му прави на Исус друштво.
Болеста на Нунцио
Во такви услови Нунцио брзо се разболува. Заради гангрена на нозете бил примен во болницата во Неапол. Болките биле силни, но сѐ принесувал на Господ. Исус многу страдал за нас и со Неговата заслуга нѐ чека вечниот живот – зборувал. Исус многу страдал за нас. Зошто јас не би страдал за Него? Би сакал да умрам за да преобратам барем еден грешник.
Вистински ангел на болката и љубовта кон Христос
Кога луѓето го прашувале: Кој се грижи за тебе? Одговарал: Божјата провидност. И навистина така било. Во Неапол негов чичко војник во тој град го претставува пред полковникот Феличе Вокинџер, кој заради неговата силна вера и бесконечното милосрдие го нарекувале „татко на сиромашните“. Во летото 1832 година кога Нунцио имал 15 години Вокинџер сфатил дека пред себе има вистински „ангел“ на болката и љубовта кон Христос, мал маченик. Така меѓу нив се воспоставил однос на татко и син.
„Трпете заради љубов кон Бог и во радост“
Здравствената состојба на Нунцио потоа се подобрила, не му биле потребни повеќе штаки, туку се потпирал на стап. Се посветил на болните настојувајќи да ги утешува. Бидете секогаш со Господ – говорел – затоа што од Него доаѓа секое добро; трпете од љубов кон Бог и во радост. Сакал да се посвети на Бог, но крајот на 1835 година неговото здравје нагло се влошило; имал рак на коските. Многу стрдал, но лекарите се откажале од ампутација на нозете затоа што бил премногу слаб.
Во Неапол веднаш се развило силно почитување
На 5 мај 1836 година побарал да му се донесе распетие и да се исповеди. На свештеникот тогаш му рекол: „Бидете радосни, секогаш ќе Ви помагам од небото.“ Истиот ден починал; имал 19 години. Околу него се раширил мирис на рози, а неговото тело исцрпено од болеста станало посебно убаво и свежо, и било изложено пет дена. Неговиот гроб во црквата Свети Доменик Соријано во Неапол веднаш станало место за ходочастие.
Штаките во светилиштето во Пескосансонеско
Папата Пио IX на 9 јули 1859 година ги признава неговите херојски крепости и станува „чесен слуга Божји“. На први декември 1963 година пред сите епископи во светот собрани на Вториот ватикански собор, папата Павле VI, Нунцио Сулприцио го вбројува меѓу блажениците, како пример на младите работници, за сите млади, па и за денешните млади. Неговото светилиште во Пескосансонеско во кое се наоѓа дел од неговите мошти е место на голем број ходочастија. Еден ѕид во светилиштето е полн со штаки кои им припаѓале на млади кои ги оставиле благодарение на застапништвото на Нунцио.
Ватикан њуз/к.мк