Папата на семејствата им довери послание за простување

Во годината на милосрдието секое христијанско семејство нека стане привилегирано место за искуството на радоста при простувањето. Простувањето е сржта на љубовта која може да ги разбере ида ги поправи грешките. Во семејството се случува простувње, затоа што сме сигурни дека во него ќе најдеме разбирање и подршка и покрај грешките кои можеме да ги направиме – рече Светиот Отец на Мисата која ја служеше за семејствата во базиликата Свети Петар во недела 27 декември, празникот на Светото Назаретско семејство: Исус, Марија и Јосиф

Најубавата работа во денешните читања е што цели семејства заедно се на поклонение: татковци, мајки и деца, заедно одат во домот Господов за да го посветат празникот со молитва. Тоа е поука и за нашите семејства. Колку е утешно да се размилсува за тоа како Марија и Јосиф го учат Исус да моли. Тие во текот на денот заедно молеле, а потоа секоја сабота вечер оделе во синагогата да слушаат од Законот и Пророците – напомена Папата.

Многу е важно нашите семејства да одат заедно кон една иста цел. На тоа поклонение на животот има и моменти на молитва. Што може да биде поубаво – праша Папата – од благословот кој таткото и мајката го даваат на своите деца на почетокот и завршувањето на секој ден, правејќи на нивните чела знак на крстот? Исто така е многу важно семејството пред јадењето кратко да се помоли, за да му заблагоари на Господ за даровите и како би научиле да ги поделиме со оние во потреба – објасни папата Фрањо.

Светиот Отец напомена дека поклонението не завршува кога ќе дојдеме до целта, туку кога ќе се вратиме дома и ќе го продолжиме секојдневниот живот, применувајќи ги стекнатите духовни плодови. За тоа е пример Исус, кој по враќањето од Храмот „беше послушен“ на Марија и Јосиф.

Да не ја изгубиме довербата во семејството. Прекрасно е кога секогаш можеме да го отвориме своето срце едне кон друг, не чувајќи ништо сокриено. Каде е љубовта, таму има и разбирање и простување. На сите вас, драги семејства, ви го доверувам ова важно послание, кое како никогаш досега му е потребно на светот и Црквата – рече на крајот од хомилијата Светиот Отец.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот