Папата Фрањо заедно со кардинали, бројни бискупи и свештеници, ѓакони, во сабота на 20 април 2019 година во вечерните часови го предводеше Пасхалното бдение и крсти осум катехумени
После читањето на радосната вест за Воскресението Христово, која оваа година се зема од Евангелието според Лука, Светиот Отец во проповедта потсети дека Воскресението е славење на надежта, премин од затвореност во заедница, од безнадежност во утеха, од страв во доверба. Со Воскресението Бог ги отстранува најголемите камења кои ни ја земаат надежта – смртта, гревот, стравот и световноста. Секој христијанин мора да се запраша кој камен му е пречка на патот до Бог.
Папата ја осуди недовербата и незадовлството, како и желбата за пари, кариера и гордост. Истовремено ги охрабри луѓето: Господ го сака твојот живот и тогаш кога ти самиот се плашиш да погледнеш и да го земеш во раце. Папата порача Исус да се стави во центарот на животот, како верата не би била изложбена, туку восресна. Исус не е некоја личност од историските книги, туку треба да се сретне во сопствениот живот. Да го бараме во во сѐ и над сѐ, со Него ќе воскреснеме – рече папата Фрањо.
На почетокот од Литургијата Папата во предворјето на базиликата го благослови оганот од кој беше запелена воскресната свеќа, знак на Христовото воскресение и во долгата процесија составена од кардинали и бискупи влегоа во базиликата, која постепено се осветли. Во Воскресната ноќ Папата крсти осум катехумени од пет земји: Италија, Албанија, Еквадор, Индонезија и Перу, кои за примање на светата Тајна се подготвуваа во Римската бискупија.
Ватаикан њуз/к.мк