Четири пати во пет години Светиот Отец избира затвор во кој на Велики Четврток ќе го предводи обредот миење нозе. Првата година беше во поправниот дом за малолетници во Касал дел Мармо во Рим, а во 2015 година во римскиот затвор Ребибија. Минатата година го посети затворот Палијана, во близна на Рим.
На Велики Четврток оваа година, 29 март, Светиот Отец ќе го посети затворот „Регина цели“ во центарот на Рим, каде ќе служи Света Миса Вечера Господова. Со програмата е предивдена средба со болните затвореници во затворската болница, евхаристиско славење со обред миење нозе, како и средба со затворениците од 8. оддел, односно оние кои се во изолација.
Посета на затворот во Палијана
А се појави помеѓу учениците и препирка, кој од нив се смета за поголем – рече Папата минатата година во проповедта на светата Миса во затворот во Палијана. А Исус им рече: но поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, и тој, што е старешина, да биде како слуга. Тоа е она што Бог го прави со нас, кои сме бедни, но Тој секогаш е добар, нѐ сака. Да мислиме на овој обред – рече Папата осврнувајќи се на обредот кој малку покасно го направи, кога ги миеше нозете на дванаесет затвореници, меѓу кои имаше и три жени и еден муслиман. Не станува збор за некоја фолклорна свеченост, туку за гест со кој се спомнуваме на она што Исус го направи; после тоа зеде леб и вино и ни ја даде Божјата љубов. Да мислиме денес на Божјата љубов – поттикна минатата година Светиот Отец.
Инаку, посетите на Папата, како и другите Миси Вечера Господова кои ги слави Светиот Отец во затворите се исклучиво приватна посета.
РВ/к.мк