Папата исповеда млади во Лисабон

Папата исповеда млади во Лисабон

Пречекан и испратен со песни на младинскиот хор, во петок, 4 август 2023 година, на третиот ден од неговата Апостолска посета на Португалија, папата Фрањо во утринските часови во градината Васко де Гама во Лисабон.ја подели светата Тајна Исповед на две момчиња и една девојка.

Во големата површина полна со зеленило, се случува еден од најзначајните настани на целиот Светски ден на младите: Исповед на младите. Во големиот историски парк беа поставени 150 исповедалници, направени од млади затвореници од затворот Пасос де Фереира. Исповедалниците се изградени од рециклиран материјал и материјали кои можат да се рециклираат и се направени така што е овозоможен пристап на Светата Тајна и на лица со посебни потреби.

Пред да појде во Centro Social Paroquial Sao Vicente de Paulo каде ќе се сретне со претставници на некои каритативни и хуманитарни центри, папата дојде во големата исповедалница на отворено во инвалидска количка и лично исповеда тројца млади луѓе: 21-годишно младо момче од Шпанија, 33-годишна Гватемалка и 19-годишен Италијанец.

Новинарката на Crux, Елис Ен Ален, на својот профил на Твитер напиша дека по неговото пристигнување Папата ја одмина исповедалницата која била однапред подготвена за да биде повидлива за медиумите и се одлучил за подалечна.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот