Папата на Вартоломеј I: Нема пречка за евхаристиско заедништво

По повод празникот свети Андреј, заштикникот на Православната црква, папата Фрањо еден ден пред тоа, на крајот на светата Литургија на стадионот во Банги, во Централноафриканска  Република, упати посебна честитка до екуменскиот патријарх Вартоломеј I. На 30.ноември во патријаршиската црква „свети Ѓорги во Фанар“ пораката ја прочита кардинал Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање на единство на христијаните. Кардиналот, имено ја предводеше делегацијата на Светиот Престол за традиционална размена на посета по повод празникот на светите заштитници Петар и Павле, на 29.јуни во Рим и Андреј, на 30 ноември во Истанбул.

Одовде од срцето на Африка, сакам да се обратам на својот драг брат Вартоломеј, екуменскиот патријарх. Му поскаувам многу среќа и братство и го молам Господ да ја благослови нашата сестринска Црква. Притоа, папата Фрањо во напишаната порака на патријархот му изрази братска наклонетост и духовна близина, во длабоко заедништво на верата и љубовта.

Денес на светот му е многу важно помирувањето, особено поради толку многу крвопролевање во неодманешните терористички напади. Жртвите можеме да ги пратиме со молитва и да ја обновиме својата обврска за траен мир, промовирајќи дијалог меѓу религиите, затоа што рамнодушноста и заемното непознавање може само да доведе до конфликти – напиша Папата.

За да одиме напред на нашиот пат кон полно заедништво, треба и понатаму да се инспирираме со гестот на помирувањето и мирот на папата Павле VI и патријархот Атенагора, кои пред 50 години на 7.декември 1965 година потишаа Заедничка католичка – православна изјава, со која е укината ескомуникацијата од 1054 година.

Иако од тогаш не се поништени сите разлики меѓу двете Цркви – забележа папа Фрањо – но се повторно воспоставени односи на наклонетост и братство и тоа во духот на заедничка доверба, почитување и милосрдие, нема веќе пречка за евхаристиско заедништво, до кое може да се дојде само преку молитва, очистување на срцето, дијалог и потврдување на вистината.

Светиот Отец, исто така му честита на патријархот Вартоломеј, кој за католиците е примерен сведок, за неговата посебна чувствителност, свест и ревно заземање за чување на создаденото, истакнувајќи го тоа како знак на надеж за заедничко одбележување на Денот на молитва за грижа на создаденото, на 1.јуни, следејќи го долгото искуство на Екуменскиот патријархат.

Папа Фрањо на крајот од Вартоломеј и од сите православни верници побара да молат за вонредниот Јубилеј на милосрдието, гарантирајќи во исто време за  своите молитви за настаните кои ќе се слават оваа година во Православната Црква.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот