Папата Фрањо упати најдобри желби на новиот француски претседател Емануел Макрон за неговата нова должност во служење на своите сонародници.
Го молам Бог да Ве поддржи – пишува во телеграмата – со верност на богатството на различностите на својата морална традиција и своето духовно наследство, обележани исто така со христијанската традиција, вашата земја секогаш да се зазема во градењето на поправедно и братско општество.
Освен тоа, Папата посакува со почитувањето на разликите и со внимание на оние кои живеат во тешкотии и оние кои се исклучени, новиот француски претседател да придонесе за соработка и солидарност меѓу народите. Нека Франција и понатаму ги поддржува, во Европа и во светот, заземањата за мир и општото добро, за почитувањето на животот и заштитата на достоиснтвото на секој човек и на сите народи – посакува папата Фрањо и на крајот од сѐ срце од Бог повикува благослов за претседателот и на сите француски граѓани.
РВ/к.мк