„Понудете конкретни и вистински решенија“ како би победиле „во борбата против гладот и сиромаштвото“ апелира папата Фрањо на 14 февруари 2019 година во говорот при отворањето на 42. Заседание на Меѓународнот фонд за развој на земјоделството (ИФАД) со седиште во ФАО во Рим.
Во говорот на шпански јазик папата Фрањо предупреди на „потребите на бројните наши браќа во светот кои страдаат“, кои живеат во небезбедни услови: „воздухот е загаден, природните добра осиромашени, реките загадени, почвата закиселена; немаат доволно вода за себе и за своите посеви; нивните здравствени структури се многу сиромашни, нивниот станбен простор скромен и несоодветен“. Овие реалности продолжуваат и понатаму да постојат во општество кое постигна голем напредок на сите подрачја од науката. Овој свет може да „напредува во своите добри намери и исто така ќе победи во борбата против гладот и сиромаштвото, само ако тоа го посакува сериозно“ – рече Светиот Отец.
Папата изрази надеж дека еден ден, благодарејќи на таа борба ќе може да се „слушне, не како слоган, туку како вистина: Гладот нема сегашност, ниту иднина. Само минато“. За да се постигне таа цел, според папата Фрањо, „потребна е помош од меѓународната заедница, граѓанското општество и оние кои поседуваат ресурси“. „Одговорноста не се избегнува со тоа што ќе се префрли од една на друга, туку мора да се преземат врз себе како би се понудиле конкретни и вистински решенија“. Светиот Престол отсекогаш „ги помагал напорите кои ги правеле меѓународните агенции во борбата против сиромаштијата“, потсети Папата.
Ика/к.мк