Папата моли за жртвите од подметнатиот пожар во Бразил

Папата моли за жртвите од подметнатиот пожар во Бразил

Папата Фрањо испрати порака со сочувство до бразилската бискупија Жанауба, во која порачува дека се моли за жртвите, како и за сите оние кои се погодени од подметнувањето на пожарот во градинката, која се наоѓа на подрачјето на таа бискупија.

Во текстот, кој го потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, стои дека Светиот Отец е погоден од веста за страшниот пожар во кој настрадаа девет деца. Папата на сите погодени кои тагуваат за своите деца им ја изразува својата близина и солидарност. Вели дека се моли Господ на ранетите да им даде утеха и брзо опоравување, како и охрабрување во христијанската надеж на сите оние кои се погодени од таа апсурна трагедија.

Минатата недела, на 5 октомври ментално пореметен поранешен вработен предизвикал пожар по разговорот со раководителот на институцијата. Притоа околу 40 луѓе вклучувајќи и голем број деца, се здобија со тешки изгореници. Освен девет деца во пожарот настрада и самиот сторител како и една воспитувачка.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот