Во телефонски разговор со украинскиот претседател, папата Лав XIV изрази надеж дека соработката ќе овозможи храна и медицинска помош да стигнат до цивилите во Олешки, во Херсонската област, како и да се овозможи нивна безбедна евакуација.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти дека папата Лав XIV и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарале телефонски во понеделникот, 19 октомври 2026 година.
За време на разговорот, според соопштението, „Светиот Отец потсети на тешката состојба во градот Олешки, во Херсонската област, и се осврна на барањето за хуманитарен прекин на огнот што му го упати на претседателот на Руската Федерација“.
Папата, исто така, изрази надеж дека „соработката меѓу двете страни ќе овозможи доставување храна и медицинска помош“, како и „доброволна и безбедна евакуација на цивилното население“.
На крајот, Светиот Отец ја потврди посветеноста на Светиот Престол за промовирање на дијалогот и мирот.
Ватикан њуз/к.мк

