Папата на границата со САД: Доста смрт! Доста експлоатација!

На последниот ден од Апостолската посета на Мексико, папата Фрањо служеше Света Литургија пред стотици илјади луѓе во Сиудад Хуарес, само на 80 километри од северната граница на земјата со САД и зборуваше за илјадниците мигранти, кои загинале во обид да стигнат до Америка.

Папата упати нов апел против експлоатацијата на емигрантите, сиромашните и жените. Непосредно пред почетокот на Литургијата, на која присуствуваа стотици илјади верници, Папата отиде до големиот дрвен крст, кој гледа кон границата и ги благослови чевлите на мртвите мигранти кои не успеале да ја преминат границата. На само 80 метри од граничната линија, од другата страна, на територијата на Тексас, се наоѓаа околу 50 илјади луѓе кои по церемонијата Папата неколку пати ги поздрави. Во својата проповед, Светиот Oтец упати силни зборови: „Доста веќе смрт! Доста веќе експлоатација! Сѐ уште има време за промена, сѐ уште има излез, сѐ уште има време да го измолиме Божјето милосрдие“.

Во вториот век свети Иринеј пишува дека славата на Бог е животот на човекот. Тоа е израз кој продолжува да одекнува во срцето на Црквата. Славата на Отецот е животот на неговите синови и ќерки. Нема поголема радост за еден татко, од тоа да ги види своите деца да процветаат, нема поголемо задоволство од тоа да ги види како растат, се развиваат и напредуваат. Првото читање, што го чувме ни го посочува токму тоа. Во него, големиот град Нинeвија, се самоуништува, како резултат на угнетување и бесчестието, насилството и неправдата. Деновите му изгледаат изброени, бидејќи границите на насилството се надминати. Тогаш Господ се јави и го поттикна срцето на пророкот Јона: Небесниот Отец го испрати својот пророк. Јона беше повикан во мисија. „Оди“, му рече Тој, бидејќи по „четириесет дена и Нинeвија ќе биде уништен!“ (Јона 3, 4). Оди и им помогни им да разберат дека начинот на кој се однесуваат еден кон друг, по начинот на кој живеат, тие создаваат само смрт и уништување, страдања и угнетување. Натерај ги да видат дека тоа не е начин да се живее, ниту за царот, ниту за неговите поданици, ниту за полињата, ниту за добитокот. Оди и кажи им дека се навикнати на овој понижувачки начин на живот тие ја имаат изгубено својата чувствителност на болка. Стана Јона и отиде во Ниневија според Словото Господово. Бог го испрати да сведочи за она што се случува, Тој го испрати да разбуди еден народ, опиен од себеси.

Во овој текст, стоиме пред тајната на Божјото милосрдие. Милосрдие, кое секогаш ја отфрла нечесноста и злоделата и секогаш, со голема ревност, ја негува човековата личност. Милосрдието секогаш го привлекува и разбудува заспаното и закоравено добро кое се наоѓа во секој човек. Наместо да донесе уништување, што ние толку често се обидуваме да си го предизвикаме, милосрдието се стреми да ја преобрази секоја ситуација одвнатре. Во тоа се состои тајната на Божјото милосрдие. Тоа бара и нè повикува на разговор, нè повикува кон покајание. Милосрдието секогаш го побива злото, за да го преобрази.

Овде, во Сиудад Хуарес, како и во други гранични области, постојат илјадници мигранти од Централна Америка и други земји, да не ги заборавиме и многуте Мексиканци, кои се обидуваат да преминат „од другата страна“. Секој чекор во ова патување е пропратено со тешки неправди: поробување, затвор и изнуда; толку многу од овие наши браќа и сестри се жртви на трговијата со луѓе.

Не можеме да ја негираме хуманитарната криза, која во последниве години доведе до миграција на илјадници луѓе, по автопатите или пеш, минувајќи стотици километри низ планини, пустини и непријатни зони. Човечката трагедија која претставува присилна миграција, е глобална појава денес. Оваа криза, која често се мери во бројки и статистика, ние сакаме да ја измериме со имиња, приказни и семејства. Ова се браќата и сестрите на овие протерани поради сиромаштија и насилство, од трговијата со дрога и криминалните организации. Соочени со толку многу дупки во законите, тие се фатени во мрежа која секогаш притиска во стапици и ги уништува најсиромашните. Тие не само што страдаат од самата сиромаштија, туку често треба да трпат и други форми на насилство. Неправдата станува уште порадикална за младите; тие се „пушеното месо“, прогонувани и заплашувани, особено кога се обидуваат да избегаат пред спиралата на насилството и пеколот на дрогата.

Ајде заедно да се помолиме на нашиот Бог за дарот на преобраќањето на срцата, за дарот на солзите, ајде да Го замолиме да ни даде отворени срца како оние на Ниневјаните, подготвени да одговорат на Неговиот повик пред страдањата на безброј мажи и жени. Доста смрт! Доста толку експлоатација! Сѐ уште има време за промена, се уште има излез и можност време да го измолиме Божјето милосрдие.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот