Папата Лав го прими полскиот премиер Доналд Туск

Папата Лав го прими полскиот премиер Доналд Туск

Папата Лав XIV во четврток го прими во Ватикан премиерот на Република Полска, Доналд Туск.

Папата Лав XIV во четврток наутро, 7 мај 2026 година, го прими во Ватикан премиерот на Република Полска, Доналд Туск.

Потоа полскиот премиер се сретна со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин, и со секретарот за односи со државите и меѓународните организации, надбискупот Пол Ричард Галагер, во Државниот секретаријат.

Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, разговорите во Државниот секретаријат поминале во срдечна атмосфера, при што биле потврдени добрите односи меѓу Светиот Престол.

Во ватиканското соопштение се додава дека вниманието било посветено на „социјалната и економската состојба во земјата, како и на односите меѓу локалната Црква и државата, особено во областа на образованието и во однос на етичките прашања“.

На крајот, во соопштението се наведува дека била остварена и „размена на мислења за актуелната меѓународна состојба, со посебен осврт на конфликтот во Украина, како и за улогата на Полска во рамките на Европската Унија“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот